8 февруари, 2016

„Од костију и пепела“ е новиот сингл на „Тригер“

Белградската група „Тригер“ го објави новиот видео сингл насловен „Од костију и пепела“ – петминутен осврт на деструктивната човечка природа и идеологија како оправдување за злосторство. Песната се наоѓа на актуелниот албум „Време чуда“, објавен неодамна за издавачката куќа „Одличан хрчак“. „Од костију и пепела“ првобитно беше објавена како ексклузивен радиски сингл за станицата „Белград 202“, на која со гласовите на слушателите набрзо беше прогласена за Хит на неделата, за потоа да влезе и во потесниот избор за најдобра песна за 2015 година.

Според зборовите на лидерката на бендот, Милена Бранковиќ, оваа песна е инспирирана од способноста на човекот секогаш одново да пролева крв, додека оправдувања наоѓа во празните, апстрактни „вредности“ и „идеали“. Пораката е јасна уште од првите стихови: „Со колку нули се пишува слобода, може ли на небото да се купи место со куршум?“

Албумот „Време чуда“, трет по ред за групата „Тригер“, наиде на мошне позитивни критики. Најпосетениот регионален портал што се бави со рок музика, „Балканрок“, го смести меѓу најдобрите изданија за претходната година, редакцијата на порталот „Србиан метал“ го одбра за најдобар метал албум за 2015 година, а за него се напишани и повеќе исклучително поволни рецензии.

Во текот на 2016 година, „Тригер“ ќе продолжи да го промовира новото издание, но паралелно го најавува и првиот сингл на англиски јазик, кој се планира за почетокот на пролетта. Албумот „Време чуда“ достапен е на сите важни онлајн сервиси за купување и слушање музика, како што се Ајтјунс и Дизер, а во цеде формат може да се нарача преку нивната фан страница на Фејсбук или да се купи во сите продавници кои дистрибуираат изданија на „Одличан хрчак“.


www.bandtrigger.com
www.facebook.com/bandtrigger
www.twitter.com/bandtrigger



Врати се горе ↑