Македонија 750x348xPnV.png.pagespeed.ic_.tdXSomyTtk

2 февруари, 2015

„Од другата страна“ – албум посветен на групата „Падот на Византија“

Наскоро ќе биде објавен албумот-посвета на групата „Падот на Византија“ насловен „Од другата страна“, објави Критика.мк. Во албумот учествуваат 13 состави со свои преработки на песните на групата создавани во периодот на двегодишното постоење на групата 1983 – 1984. Албумот ќе биде реализиран наскоро како дигитално веб издание и ќе биде достапен за слободно превземање.

„Од другата страна“ ги содржи преработките на „Тело-Наука Совршена“, „Мизар“, „Новоградска“, „Ти“, „Сусијат“, „Пи-ем-џи колектив“, Александар Пејовски, „Мугер фугер“, Милко, Галатеа, Сашко Костов, „Фулиш грин“ и „Демек“.

Извор: РадиоМОФ

 



Врати се горе ↑