Концерт 1450115_805334046174399_2124920526876010478_n

10 ноември, 2014

Од денес во продажба влезниците за концертот „Македонско девојче“ на Каролина

Влезниците за големото затворање на најуникатниот македонски проект „Македонско девојче“ со Каролина, кое ќе се случи на 13 декември во арената „Борис Трајковски“, ќе бидат пуштени во продажба од денес (10 ноември, понеделник), почнувајќи од 10 часот, јавуваат од „Авалон продукција“.

Билетите по основна цена од 600 денари, како и ВИП Партер и ВИП Трибина со цена од 800 денари, можете да ги најдете преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, Розе – Веро 2, Камарад, специјалното продажно место во „Скопје Сити Мол“ и онлајн на Купи карти за сè.

Како што претходно Ве информиравме, арената „Борис Трајковски“ за оваа пригода ќе биде специјално адаптирана во комплетно седечка формација, во која и во партерот сите места ќе бидат за седење. Важно е да се напомене дека со секоја купена влезница следува подарок ди-ви-ди од антологиските концерти во Македонската Опера и Балет.



Врати се горе ↑