Македонија superhiks-polnoletstvo-so-pozitiven-koncert-105600

21 ноември, 2012

Од денес достапен новиот албум на Суперхикс

Од денеска официјално е достапен новиот албум на бендот Суперхикс. Четвртиот албум  е насловен „Африка“, по истоимениот сингл кој всушност го најави ова издание на кое се наоѓаат познатите големи хитови „Ти треба некој“, „На лута рана“ и секако „Африка“. Материјалот се подготвуваше во изминатите две години во студијата Супернова и Марифет, сниматели се Гоце Симоноски, Ивица Јанкуловски и Бојан Угриновски, а како микс-мајстор и продуцент се потпишува Гоце Симоноски. Гости на албумот се диџеј Славе, Нелектроник Гуру и женскиот хор The Incredibless. Дизајнот на обвивката е на Марија Чолкова.

Материјалот е достапен за бесплатно симнување во дигитален формат на страниците на регионалниот музички канал MTV, а албумот воедно е и дел од славењето на нивното полнолетство, чија кулминација ќе биде на 1-ви декември кога бендот ќе направи ска-панк експлозија во Метрополис арената во Скопје.

Албумот можете да го најдете овде.

 

 



Врати се горе ↑