Македонија statija2

6 јуни, 2013

Очекувајте наскоро „Замислен свет“ од Токсиколози

Ново име, млади артисти, стара екипа и рапери од „времето“ – групацијата Токсиколози се подготвени да почнат со претставување на новиот материјал од претстојниот проект под наслов „ПУШТИ ГЛАС!“, кој од оваа пролет почнаа да го промовираат на повеќе места (клубови, дискотеки и отворени сцени) низ Македонија, динамичен настап во живо кој е прифатен од нивните истомисленици. Сиги, Кацар и Џоле ги знаете како дел од Токсикологија, но време е да ги запознаете и како група за која секој од нив се стремел да ја состави откако почнал со снимање рап.

Наскоро ќе излезе и видео запис за песната „Замислен“, едно позитивно парче музика продуцирано од Марко Наумовски (Опушти се, Насмевки). Видеото е снимено од Кристијан Теодоров, а изработено од Иван Солунчев (South Blood Studio).

„Затоа што песната е идеалистичко-позитивна, така и за видеото моравме да излеземе од рамката (како што викаат) и да направиме видео какво што никој до сега не направил тука кај нас. Поканивме над 100 добри луѓе, наши блиски пријатели/соработници, им кажавме дека правиме забава кај Сиги во дворче со сите салтанати (скари-мари, диџеи, освежителни пијалаци…) со цел да се видиме и направиме ДА НИ БИДЕ ДОБРО! Некои знаеја дека ќе снимаме спот, но на повеќето им беше кажано дека ќе се снима за да се обележи настанот (што не е далеку од вистината). Немаше сценарио, местени сцени, глума и сите оние стандардни работи околу снимање спот… сите се забавуваа и ние ја снимавме атмосферата додека си ја пеевме песната.“ – кажуваат Токсиколозите.



Врати се горе ↑