Настани

26 јануари, 2018

Обука во организација на Филозофскиот факултет и „Просветно дело“

На 29 и 30 јануари во 9 и во 14 часот, во Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи обука на тема: „Примена на списанијата за деца: Росица за прво, Другарче, Развигор и Наш свет во воспитно-образовниот процес“.

Организатори на обуката се Филозофскиот факултет (Институт за педагогија при УКИМ) и „Просветно дело“. Обуката ќе ја реализираат: проф. д-р Лена Дамовска, проф. д-р Јасмина Делчева – Диздаревиќ, проф. д-р Елизабета Томевска – Илиевска и проф. д-р Алма Тасевска. Целта на обуката е да се потенцира важноста на примената на списанијата за деца во издание на „Просветно дело“ во воспитно-образовниот процес.

Ќе стане збор за дидактичко-методските, педагошките и естетските аспекти на списанијата, нивното значење во контекст на литературата за деца и начините за нивна практична примена во наставата. Обуката ќе ја проследат наставници, педагози и директори од основните училишта од цела Македонија. Оваа обука е резултат на вмрежувањето на институции со повеќедецениска традиција и меѓусебна соработка, како што се Филозофскиот факултет и „Просветно дело“.



Врати се горе ↑