Аудио ESC2014_TV_Graphics

7 март, 2014

Објавени уште неколку евровизиски песни

„Мустаќи“, „Деца на универзумот“, „Торта за печење“, „Тик-так“, „Словенски девојки“ се само дел од насловите на песните кои ќе ги слушнеме годинава на 59-тото издание на Евровизија, а како што се наближува крајниот рок за објавување, останаа уште само неколку земји чии песни ќе ги дознаеме до 18-ти овој месец. Веќе имавме можност да ги слушнеме темите од Шпанија и Унгарија, нашата од Македонија, како и Албанија, Исланд, Латвија, Украина, Малта, Белорусија, Финска, Швајцарија и Италија.

Деновиве беше објавена и победничката на изборот во Естонија, а тоа е 30-годишната Тања Михаилова која е родена во Русија, но скоро целиот живот живее во Естонија. Таа ќе ги брани боите на оваа земја во првата полуфинална вечер со песната „Amazing“, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Израелската претставничка за годинава е 31-годишната Меи Фајнголд која во втората полуфинална вечер ќе ја отпее песната „Same Heart“, чиј видео запис можете да го погледнете во продолжение.

 

Полските преставници за годинава се Донатан и Клео кои во втората полуфинална вечер ќе настапат со темата „My Slowianie (Slavic Girls)“. Песната ќе ја отпеат на полски и англиски јазик, а видео записот од англиската верзија можете да го видите во продолжение.

 

Литванија годинава ја испраќа 27-годишната Вилија Матачиунаите, која ќе се претстави со својата авторска песна „Attention“.

 

Пола и Ови се романските претставници за годинава, а во втората полуфинална вечер ќе настапат со песната „Miracle“.

 

„Heartbeat“ е темата со која групата Кан-Лин и пејачката Кејси Смит ќе ја претставуваат својата земја Ирска, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Обединетото Кралство оваа година одлучи да ја испрати 26-годишната Моли Смитен-Даунс која ќе се претстави со својата авторска тема „Children of the Universe“. Со оглед на тоа што Велика Британија е дел од „големата 5-ка“, оваа песна ќе биде изведена во големото финале, а како ќе звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Песната која може да послужи и како химна за иницијативата „Моември“, темата „Moustache“ ќе ја отпее триото Твин Твин кое годинава ќе ја претставува Франција.

 

Ова се песните кои се објавени до сега, а останатите ќе ги чуеме најдоцна до 18-ти март. За утре, 8-ми март, се закажани и објавувањата на песните за Русија, Шведска, Словенија и Данска, црногорскиот претставник Сергеј Ќетковиќ ќе ја претстави својата песна на 9-ти март, додека грчкиот претставник ќе биде познат на 11-ти. Холандската песна на бендот Д Комон Линетс и кој ќе запее за Германија ќе ги дознаеме на 13-ти, а ерменскиот претставник Арам Мп3 ќе ја објави својата песна на 14-ти, исто како и претставничката на Монако, Валентина Монета која ја претставува звојата земја веќе 3-та година со ред. На 15-ти ќе бидат објавени песните на Дилара Казимова од Азербејџан, како и претставниците и песните од Норвешка, Португалија и Молдавија. На 16-ти ќе бидат објавени претставникот и песната за Белгија, а на 18-ти ќе ја слушнеме и песната со која трансвеститот Кончита Вурст ќе ги брани боите на Автрија. За Грузија е познато дека ќе ја претставуваат џез бендот Шин и Марико, а песната „Three Minutes to Earth“ ќе биде објавена наскоро.



Врати се горе ↑