Свет grammy-awards-2015-500px

13 јануари, 2015

Објавени првите изведувачи за претстојните Греми награди

57. доделување на најпрестижните музички награди ќе биде збогатено со настапи на најпопуларните и најпознати имиња во светот на музика. Денеска беа објавени првите потврдени изведувачи за претстојната манифестација, а тоа се хард-рок ветераните „Еј-си-ди-си“, кантри рокерот Крис Чрч, поп ѕвездата Аријана Гранде, седумкратната добитничка на Греми – Мадона и британскиот кант-автор Ед Ширан. За рокерите „Еј-си-ди-си“, Чрч и Гранде ова ќе биде прв настап на оваа сцена.

Чрч годинава е номиниран во четири категории и тоа „Најдобра кантри соло изведба“ и „Најдобра кантри песна“ за темата „Give Me Back My Hometown“, потоа „Најдобра изведба на кантри дуо/група“ за темата „Raise ‘Em Up“ (со Кит Урбан) и „Најдобар кантри албум“ за „The Outsiders“.

 

Гранде ќе се бори за златен грамофон во две категории и тоа „Најдобра изведба на поп дуо/група“ за хитот „Bang Bang“ (со Џеси Џеј и Ники Минаж) и „Најдобар поп вокален албум“ за „My Everything“. 

Ширан, кој ќе настапи и на доделувањето на британските музички награди, е во трка за три награди, односно „Албум на годината“ и „Најдобар поп вокален албум“ за „X“, како и за „Најдобра песна напишана за визуелен медиум“ за темата „I See Fire“, која ја отпеа за филмот „Хобит: Пустошот на Смауг“.

Престижните награди Греми годинава по 57. пат ќе бидат доделени на 8 февруари во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес. Според бројот на номинации овој пат предводи младиот британски пејач Сем Смит, кој е во трка за шест златни грамофони, а комплетната листа на номинации во сите категории можете да ја погледнете на веб страната Греми

 



Врати се горе ↑