Балкан

20 декември, 2018

Објавени првите изведувачи на првото доделување на МАС 2019

Објавени се првите имиња на изведувачите што ќе настапат на претстојното прво доделување на регионалните музички награди МАС (Music Award Ceremony), кое ќе се одржи на 29 јануари во арената „Штарк“ во Белград. Станува збор за три од најпопуларните балкански ѕвезди – хрватскиот музичар Петар Грашо, српската легенда Момчило Бајагиќ – Бајага со неговите „Инструктори“ и црногорскиот шармер Сергеј Четковиќ.

 

„Мило ми е што првпат ќе се организира ваква манифестација во Белград, која на професионален и врвен начин ќе направи еден музички пресек на сè што е најквалитетно и најпопуларно во целиот регион. Се гледаме на МАС за заедно да прославиме 35 години свирење на Бајага и Инструктори. Добредојдовте!“, рече Бајага најавувајќи го својот настап на манифестацијата.

 

Слично мислење има и неговиот хрватски колега Грашо, кој вели дека „манифестацијата МАС и самиот концепт на манифестацијата е исклучително важен бидејќи создава поширока слика за она доброто што се случува на музички план во регионот, собирајќи ги квалитетните изведувачи што ја одбележаа годината, како во етерот, така и во полните концертни сали. Се радувам што ќе бидам дел од спектаклот“, рече тој.

EKSKLUZIVNO: OBJAVLJENI PRVI NASTUPI NA MAC-U! BAJAGA, PETAR GRAŠO I SERGEJ ĆETKOVIĆ NA BINI ŠTARK ARENE 29. JANUARA

Во наредните денови се очекуваат и други имиња на изведувачи што ќе настапат во арената „Штарк“ на 29 јануари, а наскоро ќе биде познато и кој или кои ќе бидат водители на претстојната манифестација. Најновите информации за MAC можете да ги следите преку интернет-страницата www.musicawardsceremony.com, како и на на Фејсбук и Инстаграм.



Врати се горе ↑