Настани

20 февруари, 2019

Објавени првите имиња за „Ноу слип Нови Сад“ на „Егзит 2019“

Зад петите на колосалната објава за овогодишната „Денс арена“, на која во низа се запишаа подеднакво и култните имиња и ѕвездите на новите генерации, меѓу кои се Карл Кокс, Пол Калкбренер, Амели Ленс, Шарлот де Вит, Џеф Милс, Пеги Гу, Масео Плекс и Борис Брејча, стои, денеска обелоденетото, прво поглавје на бессоната програма на никогаш повеќе популарната бина на ЕГЗИТ – „Ноу Слип Нови Сад“ (No Sleep Novi Sad)!

Фасцинантниот техно-клуб MMA (Mixed Munich Arts) од Минхен, сместен во погонската хала на некогашната електрана чиј свод е висок дури 37 метри, во изминативе пет години беше домаќин на некои од најголемите електронски уметници на денешницата и служеше како повеќенаменски културен центар на баварската метропола. За жал, клубот денеска се наоѓа пред затворање, а култната бина „Ноу слип Нови Сад“ на фестивалот „Егзит“, позната по својот концепт за соработки со водечките клупски институции, ќе се придружи во борбата за спас на еден од највпечатливите европски клубови! На повикот од семејството „Ноу Слип“ во четврток, 4 јули, да настапат под паролата #SaveMMA, се одзваа пријателите на клубот и во моментов едни од најбараните техно-изведувачи во светот „Ај хејт моделс“ (I Hate Models)„Шедоу енд обскјур шејп“ (SHDW & Obscure Shape) и „Бостон 168“ (Boston 168), а ним ќе им се придружат и резидентните дами на клубот „Блек Лотус“ (Black Lotus) и „Марсела“ (Marcella), како и „Ана Арес“ (Ana Rs) од Црна Гора!

Откако „Ај хејт моделс“ (I Hate Models) брилираше на неодамна одржаниот фестивал „Ноу слип“ во Белград, и онака големиот број барања да гостува на ЕГЗИТ буквално се утрои и мистериозниот Французин на тврдината доаѓа веќе првата ноќ! Еден од најталентираните продуценти на денешницата, експлодира на светската сцена со фуриозниот, карактеристичен звук кој светот го откри преку неговиот ремикс за „Депеш Мод“, додека денес неговите бројни нумери се слушаат во милионски бројки! Исто како „Ај хејт моделс“, и германскиот тандем „Шедоу енд обскјур шејп“ (SHDW & Obscure Shape) за кратко време изгради цврсто јадро со лојални следбеници, благодарение на тврдиот звук во кој вбризгуваат драматични и транс моменти. Самoто име на нивната етикета, „From Another Mind“ веќе го навестува нивното размислување вон втемелените музички текови, а еден од резултатите на оваа хармонична, но силна техно симбиоза е титулата „Најдобар нов изведувач“ според изборот на списанието „Грув“ за 2016 година. Својата сила, со 90-минутен настап во живо ќе ни ја покаже уште еден двоец, италијанските „ејсид-техно“ истражувачи „Бостон 168“ (Boston 168) чие дело го препозна и Елен Ејлиен (Ellen Alien), шефицата на универзално почитуваната етикета „Bpitch Control“ на која својата кариера ја започна и Пол Калкбренер.

Откако ја освои публиката со своите интензивни сетови во фамозните клубови „Griessmuehle“, „Suicide Circus“ и „KitKat“, на родената берлинка и мултимедијална уметница „Блек Лотус“ (Black Lotus) денеска многумина ѝ предвидуваат вртоглав успех на светската сцена, а нејзиното неодамнешно ЕП издание „Resilience“ го наговестува токму тоа. Силната „фајтерска“ екипа за тој ден ќе ја заокружи и членката на семејството „MMA“, „Марсела“ (Marcella), која во славниот минхенски клуб настапува редовно со имиња како што се Амели Ленс, Хелена Хауф или „Франсуа Икс“, додека на тврдината, по два запазени настапи на морското издание на бината „Ноу слип“ на фестивалот „Си денс“, доаѓа и новата црногорска надеж „Ана Арес“ (Ana Rs)!

Во продажба се ЕГЗИТ пакетите со 55% попуст!

Во моментов во продажба е органичениот контингент комплет ЕГЗИТ-билети по цена од 3.580 денари, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената на влезниците за првиот фестивалски ден, кога настапуваат „Д кјур“ (The Cure), изнесува 1.675 денари за партер и 2.495 денари за ФАН ПИТ, додека цената за ГОЛД ВИП дневните влезници за 4 јули е 6.515 денари. Влезниците за ЕГЗИТ можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org и mktickets.mk, официјалниот тикет-сервис за ЕГЗИТ во Македонија.



Врати се горе ↑