Настани sonus

23 декември, 2015

Објавени првите имиња за фестивалот „Сонус 2016“

Еден од 15-те најдобри техно фестивали на светот, хрватскиот „Сонус“ ги објави имињата на првите изведувачи што ќе настапат на неговото 4. издание, кое ќе се одржува од 21 до 25 август 2016 година, на плажата Зрќе на островот Паг. Љубителите на електронската музика повторно ќе имаат можност да се забавуваат во клубовите „Папаја“, „Аквариус“ и „Калипсо“.

Во рамките на петте дена и петте ноќи од фестивалот се очекуваат настапи на светски познати диџеи, меѓу кои засега се најавени: Диксон, Рикардо Виљалобос, Локо Дајс, Лучијано, Џозеф Капријати, Сет Трокслер, Марко Карола и уште многу други познати изведувачи, како голем број регионални диџеи.

Минатата година за време на фестивалот, клубовите „Папаја“, „Аквариус“ и „Калипсо“ угостија посетители од повеќе од 70 земји, а за следната година се очекуваат уште повеќе гости од целиот свет.

Фестивалот „Сонус“ и оваа година ќе ги прилагоди цените на влезниците за посетителите од регионотна поранешна Југославија, а истите ќе можат да се набават на почетокот на 2016 година. Како се забавуваа илјадниците посетители на минатогодишното издание на фестивалот можете да погледнете на Фејсбук и во продолжение.

 

Корисни линкови:

Web site: www.sonus-festival.com

Facebook: www.facebook.com/sonusfestival

Instagram: www.instagram.com/sonusfestival

Soundcloud: soundcloud.com/sonus-festival

 



Врати се горе ↑