Свет

7 декември, 2018

Објавени номинациите за „Златен глобус 2019“

Покрај новогодишните и божиќните празници, претстојниот период е резервиран и за сезоната на награди за сработеното во текот на оваа 2018 година, а први на ред се Златните глобуси, чие доделување е закажано за 6 јануари 2019. Точно еден месец пред самата манифестација, вчера беа објавени и номинациите за најдобрите филмски и телевизиски остварувања според Здружението на странски холивудски новинари (Hollywood Foreign Press Association).

 

Со најмногу номинации годинава се закити биографскиот филм за Дик Чејни, „Заменик“ (Vice) од режисерот Адам Мекеј (Adam McKay), кој ја раскажува приказната за еден од најмоќните заменик-претседатели во историјата на САД и е во трка за шест статуетки. Веднаш зад него, со по пет номинации се мјузиклот „Ѕвездата е родена“ (А Star Is Born), драмата „Фаворитот“(The Favourite) и „Зелената книга“ (Green Book).

 

Најновата адаптација на култниот мјузикл на Бредли Купер му донесе две номинации – за најдобар актер во главна улога и за најдобар режисер, а две номинации доби и ѕвездата на филмот – Лејди Гага, која е во трка за најдобра актерка во главна улога и најдобра оригинална песна за „Shallow“, додека самиот филм е номиниран за најдобра драма. Популарната пејачка веќе има еден Златен глобус во својата колекција со награди, кој го освои пред две години за улогата во серијата „Американска хорор приказна“.

 

По четири номинации добија „Црн член на Кју Клукс Клан“ (BlacKkKlansman) на Спајк Ли и „Мери Попинс се враќа“ (Mary Poppins Returns) на Роб Маршал, а по три „Црниот пантер“ (Black Panther), „Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“ (If Beale Street Could Talk) и „Рома“ (Roma). Во трка за по две награди меѓу другите е и „Боемската рапсодија“ (Bohemian Rhapsody), долгоочекуваниот филм за легендарниот фронтмен на „Квин“ – Фреди Меркјури.

 

76. доделување на Златните глобуси ќе се одржи на 6 јануари во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, а водители на манифестацијата ќе бидат Сандра Оу и Eнди Семберг. Комплетниот список со номинации ве очекува во продолжение.

ФИЛМСКИ КАТЕГОРИИ

*текстот во портокалова боја е линк до трејлерот за соодветниот филм

 

Најдобар филм – драма
„Црниот пантер“ (Black Panther)
„Црн член на Кју Клукс Клан“ (BlacKkKlansman)
„Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody)
„Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“ (If Beale Street Could Talk)
„Ѕвездата е родена“ (A Star Is Born)

Најдобра актерка во драма
Глен Клоуз, „Сопругата“ (The Wife)
Лејди Гага, „Ѕвездата е родена“
Никол Кидман, „Уништувач“ (Destroyer)
Мелиса Мекарти, „Ќе ми простиш ли некогаш?“ (Can You Ever Forgive Me?)
Розамунд Пајк, „Приватна војна“ (A Private War)

Најдобар актер во драма
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
Вилем Дафо, „На портите на вечноста“ (At Eternity’s Gate)
Лукас Хеџис, „Избришана личност“ (Boy Erased)
Рами Малек, „Боемска рапсодија“
Џон Дејвид Вашингтон, „Црн член на Кју Клукс Клан“ 

Најдобар филм – мјузикл или комедија
„Луди богати Азијци“ (Crazy Rich Asians)
„Фаворитот“ (The Favourite)
„Зелената книга“ (Green Book)
„Мери Попинс се враќа“ (Mary Poppins Returns)
„Заменик“ (Vice)

Најдобра актерка во мјузикл или комедија
Емили Блант, „Мери Попинс се враќа“
Оливија Колман, „Фаворитот“
Елси Фишер, „Осмо одделение“ (Eighth Grade)
Шарлиз Терон, „Тали“ (Tully)
Констанс Ву, „Луди богати Азијци“

Најдобар актер во мјузикл или комедија
Кристијан Бејл, „Заменик“
Лин-Мануел Миранда, „Мери Попинс се враќа“
Виго Мортенсен, „Зелената книга“
Роберт Редфорд, „Старецот и пиштолот“ (The Old Man & the Gun)
Џон К. Рајли, „Стен и Оли“ (Stan & Ollie)

Најдобра актерка во споредна улога во каков било филм
Ејми Адамс, „Заменик“ 
Клер Фој, „Првиот човек“ (First Man)
Реџина Кинг, „Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“
Ема Стоун, „Фаворитот“
Рејчел Вајс, „Фаворитот“

Најдобар актер во споредна улога во каков било филм
Махершала Али, „Зелената книга
Тимоти Шаламе, „Убаво момче“ (Beautiful Boy)
Адам Драјвер, „Црн член на Кју Клукс Клан“
Ричард И. Грант, „Ќе ми простиш ли некогаш?“
Сем Роквел, „Заменик“

Најдобар анимиран филм
„Неверојатните 2“ (Incredibles 2)
„Остров на кучињата“ (Isle of Dogs)
„Мираи“ (Mirai)
„Ралф го крши интернетот“ (Ralph Breaks the Internet)
„Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“ (Spider-Man: Into the Spider-Verse)

Најдобар странски филм
„Капернаум“ (Capernaum)
„Девојка“ (Girl)
„Работа без автор“ (Never Look Away)
„Рома“ (Roma)
„Крадци“ (Shoplifters)

Најдобар режисер
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
Алфонсо Куарон, „Рома“
Питер Фарели, „Зелената книга“
Спајк Ли, „Црн член на Кју Клукс Клан)
Адам Мекеј, „Заменик“

Најдобро сценарио
Алфонсо Куарон, „Рома“
Дебора Дејвис и Тони МекНамара, „Фаворитот
Бери Џенкинс, „Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“
Адам Мекеј, „Заменик“
Питер Фарели, Ник Валелонга и Брајан Кири, „Зелената книга“

Најдобра оригинална музика
Марко Белтрами, „Тивко место“ (A Quiet Place)
Александар Деспла, „Остров на кучињата“
Лудвиг Горансон, „Црниот пантер“
Џастин Хрвиц, „Првиот човек“
Марк Шајман, „Мери Попинс се враќа“

Најдобра оригинална песна
„All the Stars“ (Црниот пантер)
„Girl in the Movies“ (Дамплин/Dumplin’)
„Requiem For a Private War“ (Приватна војна)
„Revelation“ (Избришана личност)
„Shallow“ (Ѕвездата е родена)

 

ТЕЛЕВИЗИСКИ КАТЕГОРИИ:

Најдобра ТВ серија – драма
„Американците“ (The Americans)
„Телохранител“ (Bodyguard)
„Враќање дома“ (Homecoming)
„Убивајќи ја Ева“ (Killing Eve)
„Поза“ (Pose)

Најдобра актерка во ТВ серија – драма
Катрина Балф, „Друговремец“ (Outlander)
Елизабе Мос, „Приказна за слугинката“ (The Handmaid’s Tale)
Сандра Оу, „Убивајќи ја Ева“
Џулија Робертс, „Враќање дома“ 
Кери Расел, „Американците“

Најдобар актер во ТВ серија – драма
Џејсон Бејтмен, „Озарк“ (Ozark)
Стефан Џејмс, „Враќање дома“
Ричард Меден, „Телохранител
Били Портер, „Поза“
Метју Рис, „Американците“

Најдобра ТВ серија – мјузикл или комедија
„Бери“ (Barry, HBO)
„Добро место“ (The Good Place, NBC)
„Шегување“ (Kidding, Showtime)
„Методот на Комински“ (The Kominsky Method, Netflix)
„Чудесната г-ѓа Мејзел“ (The Marvelous Mrs. Maisel, Amazon)

Најдобра актерка во ТВ серија – мјузикл или комедија
Кристен Бел, „Добро место“
Кендис Берген, „Марфи Браун“
Алисон Бри, „Блесок“ (Glow)
Рејчел Броснахан, „Чудесната г-ѓа Мејзел“ 
Дебра Месинг, Вил и Грејс

Најдобар актер во ТВ серија – мјузикл или комедија
Саша Барон Коен, „Кој е Америка?“ (Who Is America?)
Џим Кери, „Шегување“
Мајкл Даглас, „Методот на Комински“
Доналд Гловер, „Атланта“
Бил Хејдер, „Бери“

Најдобра мини-серија или телевизиски филм
„Оттуѓен“ (The Alienist, TNT)
„Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна“ (The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story, FX)
„Бегство во Данемора“ (Escape at Dannemora, Showtime)
„Остри предмети“ (Sharp Objects, HBO)
„Многу англиски скандал“ (A Very English Scandal, Amazon)

Најдобра актерка во мини-серија или телевизиски филм
Ејми Адамс, „Остри предмети“
Патриша Аркет, „Бегство во Данемора“
Кони Бритон, „Валканиот Џон“ (Dirty John)
Лора Дерн, „Бајка“ (The Tale)
Реџина Кинг, „Седум секунди“ (Seven Seconds)

Најдобар актер во мини-серија или телевизиски филм
Антонио Бандерас, „Гениј: Пикасо“ (Genius: Picasso)
Даниел Брал, „Оттуѓен“
Дарен Крис, „Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна“
Бенедикт Камбербач, „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)
Хју Грант, „Многу англиски скандал“ 

Најдобра актерка во споредна улога во мини-серија или телевизиски филм
Алекс Борстин, „Чудесната г-ѓа Мејзел“ 
Патриша Кларксон, „Остри предмети“
Пенелопи Круз, „Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна“ 
Танди Њутон, „Западен свет“ (Westworld)
Ивон Страховски, „Приказна за слугинката“

Најдобар актер во споредна улога во мини-серија или телевизиски филм
Алан Аркин, „Методот на Комински“
Киран Калкин, „Наследство“ (Succession)
Едгар Рамирез, „Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна)
Бен Вишо, „Многу англиски скандал“ 
Хенри Винклер, „Бери“



Врати се горе ↑