Свет

12 декември, 2017

Објавени номинациите за „Златен глобус 2018“

Освен што се наближува крајот на оваа и почетокот на новата година, се наближува и популарната сезона на награди, а свечените церемонии секогаш го привлекуваат вниманието на љубителите на телевизијата, филмот, музиката, па и на модата. Кога станува збор за првите две, една од позначајните манифестации на ова поле е доделувањето на златните глобуси, кои обично се сметаат за предвесници на оние малку поважните – Оскарите.

Јубилејното, 75. по ред доделување на златните глобуси ќе се одржи уште во првата недела од 2018 година, односно на 7 јануари, а вчера беа соопштени и номинираните филмски и телевизиски проекти кои членовите на Здружението на холивудските странски новинари (Hollywood Foreign Press Association) ги оцениле како најдобри за оваа година.

 

Според бројот на номинации, во филмските категории предводи „Формата на водата“ (The Shape Of Water), кој е во трка за 7 статуетки, по шест номинации добија историската драма „Тајните досиеја“ (The Post) и „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri), a во четири категории е номиниран „Лејди брд“ (Lady Bird).

Во телевизиските категории, пак, со шест номинации предводи популарната серијата „Големи мали лаги“ (Big Little Lies), за која наскоро ќе има и втора сезоначетири номинации доби одличната „Кавга: Бети и Џоан“ (Feud: Bette and Joan), а по три имаат „Фарго“, „Приказната на слугинката“ (The Handmaid’s Tale) и „Ова сме ние“ (This Is Us).

 

Како што споменавме, роденденското издание на златните глобуси ќе се одржи на 7 јануари, во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, а водител на манифестацијата за првпат ќе биде популарниот американски водител и комичар Сет Мејерс. Номинираните во сите категории ве очекуваат во продолжение (подвлечените наслови се линкови до трејлерите).

ФИЛМСКИ КАТЕГОРИИ

Најдобар филм – драма

Викни ме со твоето име (Call Me by Your Name)

Данкирк (Dunkirk)

Тајните досиеја (The Post)

Формата на водата (The Shape of Water)

Три билборди пред Ебинг, Мисури (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri)

Најдобар филм – мјузикл или комедија

Катастрофалниот уметник (The Disaster Artist)

Излегувај (Get Out)

Најдобриот шоумен (The Greatest Showman)

Јас, Тонја (I, Tonya)

Лејди Брд (Lady Bird)

Најдобра изведба на актерка во драма

Џесика Частејн, „Играта на Моли“ (Molly’s Game)

Сели Хокинс , „Формата на водата

Френсис Мекдорманд, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Мерил Стрип,„Тајните досиеја

Мишел Вилијамс, „Сите пари на светот“ (All the Money in the World)

Најдобра изведба на актер во драма

Тимоте Шаламе, „Викни ме со твоето име“ 

Даниел Деј-Луис, „Фантомски конец“ (Phantom Thread)

Том Хенкс, „Тајните досиеја

Гери Олдман, „Најмрачниот час“ (Darkest Hour)

Дензел Вашингтон, „Роман Џ. Израел, адвокат“ (Roman J. Israel, Esq.)

Најдобра актерка во мјузикл или комедија

Џуди Денч, „Викторија и Абдул“ (Victoria & Abdul)

Марго Роби, „Јас, Тонја“

Срша Ронан, „Лејди Брд“

Ема Стоун, „Битка на половите“ (Battle of the Sexes)

Хелен Мирен, „Трагач по слободно време“ (The Leisure Seeker)

Најдобра изведба на актер во мјузикл или комедија

Стив Карел, „Битка на половите“

Ансел Елгорт, „Возачот Бејби“ (Baby Driver)

Џејмс Франко, „Катастрофалниот уметник“

Хју Џекмен, „Најголемиот шоумен

Даниел Калууја, „Излегувај“

Најдобра споредна улога на актерка во драма

Мери Џеј Блајџ, „Мадбаунд“ (Mudbound)

Хонг Чау, „Смалување“ (Downsizing)

Алисон Џени, „Јас, Тонја

Лори Меткалф, „Лејди Брд“

Октавија Спенсер, „Формата на водата“

Најдобра споредна улога на актер во драма

Вилем Дафо, „Проектот Флорида“ (The Florida Project)

Арми Хамер, „Викни ме со твоето име“ 

Ричард Џенкинс, „Формата на водата“

Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“

Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури

Најдобра режија

Гијермо дел Торо, „Формата на водата“

Мартин МекДона, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Кристофер Нолан, „Данкирк“

Ридли Скот, „Сите пари на светот“

Стивен Спилберг, „Тајните досиеја“

Најдобро сценарио

„Формата на водата“

„Лејди Брд“

„Тајните досиеја“

„Три билборди пред Ебинг, Мисури“

„Играта на Моли“

Најдобра оригинална музика во филм

Картер Бурвел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Александар Десплат, „Формата на водата“

Џони Гринвуд, „Фантомски конец“

Џон Вилијамс, „Тајните досиеја

Ханс Цимер, „Данкирк“

Најдобра оригинална песна

Home“, Ник Џонас (Фердинанд)

Mighty River“, Мери Џеј Блајџ (Мадбаунд)

Remember Me“, Мигел и Наталија Лафуркејд (Коко)

The Star“, Мараја Кери (Ѕвездата)

This Is Me“, Кеала Сетл (Најголемиот шоумен)

Најдобар филм на странски јазик

„Фантастична жена“ (A Fantastic Woman), Чиле

„Прво го убија татко ми“ (First They Killed My Father), Камбоџа

„Од ништо“ (In the Fade), Германија/Франција

„Нељубов“ (Loveless), Русија

„Квадрат“ (The Square), Шведска/Германија/Франција

Најдобар анимиран филм

Бебето шеф“ (The Boss Baby)

„Глава на куќата“ (The Breadwinner)

„Фердинанд“ (Ferdinand)

„Коко“ (Coco)

„Со љубов, Винсент“ (Loving Vincent)

ТЕЛЕВИЗИСКИ КАТЕГОРИИ

Најдобра серија – драма

„Круна“ (The Crown)

„Игра на тронови“ (Game of Thrones)

„Приказна на слугинката“ (The Handmaid’s Tale)

„Почудни нешта“ (Stranger Things)

„Ова сме ние“ (This Is Us)

Најдобра изведба на актерка во серија – драма

Кетрин Балф, „Од друго време“ (Outlander)

Клер Фој, „Круна“

Меги Гиленхал, „Двојка“ (The Deuce)

Кетрин Ленгфорд, „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

Елизабет Мос, „Приказна на слугинката“

Најдобра изведба на актер во серија – драма

Стерлинг К. Браун, „Ова сме ние“

Фреди Хајмор, „Добриот доктор“ (The Good Doctor)

Боб Оденкирк, „Подобро јави му на Саул“ (Better Call Saul)

Лиев Шрајбер, „Реј Донован“ (Ray Donovan)

Џејсон Бејтмен, „Озарк“ (Ozark)

Најдобра серија – мјузикл или комедија

„Црнечко“ (Black-ish)

„Чудесната г-ѓа Мејзел“ (Marvelous Mrs. Maisel)

„Господар на ништо“ (Master of None)

„Смилф“ (SMILF – Single Mother I’d Like to F**k)

„Вил и Грејс“ (Will & Grace)

Најдобра изведба на актер во серија – мјузикл или комедија

Ентони Андерсон, „Црнечко“

Азис Ансари, „Господар на ништо“

Кевин Бејкон, „Го сакам Дик“

Вилијам Х. Мејси, „Бесрамни“ (Shameless)

Ерик Мекормак, „Вил и Грејс“

Најдобра изведба на актерка во серија – мјузикл или комедија

Памела Адлон, „Подобри нешта“ (Better Things)

Алисон Бри, „Боречки дами“ (GLOW – Gorgeous Ladies Of Wrestling)

Иса Реј, „Несигурна“ (Insecure)

Рејчел Броснан, „Чудесната г-ѓа Мејзел“ 

Френки Шо, „Смилф“

Најдобра мини-серија или филм за телевизија

Големи мали лаги“ (Big Little Lies)

„Фарго“ (Fargo)

„Кавга: Бети и Џоан“ (Feud: Bette and Joan)

„Грешница“ (The Sinner)

„Површината на езерото: Девојката од Кина“ (Top of the Lake: China Girl)

Најдобра изведба на актер во мини-серија или филм за телевизија

Роберт Дениро, „Волшебникот на лагите“ (The Wizard of Lies)

Џуд Ло, „Младиот папа“ (The Young Pope)

Кајл Меклаклен, „Твин пикс“ (Twin Peaks)

Јуан МекГрегор, „Фарго“

Џефри Раш, „Гениј“ (Genius)

Најдобра изведба на актерка во мини-серија или филм за телевизија

Џесика Биел, „Грешница“

Никол Кидман, „Големи мали лаги“

Џесика Ланг, „Кавга: Бети и Џоан“

Сузан Сарандон, „Кавга: Бети и Џоан

Рис Витерспун, „Големи мали лаги“

Најдобра изведба на актер во споредна улога во серија, мини-серија или филм за телевизија

Алфред Молина, „Кавга: Бети и Џоан“

Александар Скарсгард, „Големи мали лаги

Дејвид Тулис, „Фарго“

Дејвид Харбор, „Почудни нешта“

Кристијан Слејтер, „Господин Робот“ (Mr. Robot)

Најдобра изведба на актерка во споредна улога во серија, мини-серија или филм за телевизија

Лора Дерн, „Големи мали лаги“

Ен Дауд, „Приказна на слугинката“

Криси Мец, „Ова сме ние“

Мишел Фајфер, „Волшебникот на лагите“

Шeјлин Вудли, „Големи мали лаги“

И.Ј.



Врати се горе ↑