Свет oscars1.jpg

17 јануари, 2014

Објавени номинациите за Оскар 2014

Стигна и периодот од годината кога се доделуваат награди за сработеното од претходната година, а по неодамнешните „Златни глобуси“, на ред е и доделувањето на најпрестижите филмски награди – Оскарите. 86-тото годишно доделување на Оскарите ќе се одржи на 2-ри март во Долби Театарот во Лос Анџелес, а листата на номинирани беше објавена синоќа.

„12 години роб“, „Американска измама“, „Волкот од Вол Стрит“ и „Гравитација“ се филмовите кои собраа наголем број на номинации и на „Златните глобуси“, а меѓу номинираните актери се најдоа Ејми Адамс, Џенифер Лоренс, Леонардо Ди Каприо, Мерил Стрип, Џулија Робертс, Сандра Булок, Џуди Денч, Метју Меконахи и други. Во категоријата „Најдобра оригинална песна“ се најде темата која неодамна беше наградена со „Златен глобус – „Ordinady Love“ на U2 за филмот „Мандела: Долг пат до слобода“, која за златната статуетка ќе се бори со темите „Happy“ на Фарел Вилијамс од анимираниот филм „Одвратниот јас 2“, „Alone Yet Not Alone“ од истоимениот филм, „Let It Go“ од анимираниот филм „Снежното кралство“ и „The Moon Song“ од филмот „Таа“.

 

Дел од поважните категории за 86-тото годишно доделување на Оскарите можете да видите во продолжение:

Најдобар филм: „Американска измама, „Капетан Филипс“, „Клубот на потрошувачи од Далас“, „Гравитација“, „Таа“, „Филомена“, „12 години роб“ и „Волкот од Вол Стрит“

Најдобар актер: Кристијан Бејл (Американска измама), Брус Дерн (Небраска), Леонардо ДиКаприо (Волкот од Вол Стрит), Чиветел Еџиофор (12 години роб) и Метју Меконахи (Клубот на потрошувачи од Далас)

Најдобра актерка: Ејми Адамс (Американска измама), Кејт Бланшет (Тажната Јасмин), Сандра Булок (Гравитација), Џуди Денч (Филомена) и Мерил Стрип (Август: Осејџ Каунти)

Најдобра машка споредна улога: Баркхад Абди (Капетан Филипс), Бредли Купер (Американска измама), Мајкл Фасбендер (12 години роб), Џона Хил (Волкот од Вол Стрит) и Џаред Лето (Клубот на потрошувачи од Далас)

Најдобра режија: Дејвид О. Расел (Американска измама), Алфонсо Куарон (Гравитација), Александар Пајн (Небраска), Стив Меквин (12 години роб) и Мартин Скорсезе (Волкот од Вол Стрит)

Најдобар анимиран филм: „Крудс“, „Одвратниот јас 2“, „Ернест и Селестина“, „Снежното кралство“ и „Ветрот се засилува“



Врати се горе ↑