Свет nominations_logo_rotator_0

7 декември, 2015

Објавени номинациите за Греми 2016

Кендрик Ламар доби импресивни 11, а Тејлор Свифт и Викенд со по 7 номинации

Денеска, околу 2 часот попладне по наше време, беа објавени номинациите за претстојното доделување на најпрестижните музички награди Греми. Номинираните во најважните 4 категории (албум на годината, песна на годината, снимка на годината и најдобар нов уметник) ги соопшти познатата пејачка и добитничка на 15 Греми награди, Алиша Киз, а останатите беа објавени во рамките на утринската емисија на телевизијата Си-би-ес (CBS), каде што во февруари ќе биде пренесувано и самото доделување.

Според бројот на номинации дефинитивно предводи американскиот рапер Кендрик Ламар, кој е во трка во дури 11 категории, а веднаш зад него се Тејлор Свифт и Викенд со по седум номинации. Наградите Греми по 58. пат ќе бидат доделени на 15 февруари 2016 година, во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес. Сè уште не е познато кој ќе ја добие улогата на водител, а кој сè беше номиниран во поважните категории за златните грамофони погледнете во продолжение:

Албум на годината:

Алабама Шејкс, „Sound and Color“

Кендрик Ламар, „To Pimp a Butterfly“

Крис Стејплтон, „Traveller“

Тејлор Свифт, „1989“

Викенд, „Beauty Behind the Madness“

 

Песна на годината (се однесува на самата песна, како музика и текст)

Кендрик Ламар, „Аlright“

Тејлор Свифт, Blank Space

Литл биг таун, „Girl Crush“

Виз Калифа и Чарли Пут, See You Again”

Ед Ширан, „Thinking Out Loud“

 

Снимка на годината (се однесува на целокупниот производ – продукција, микс и сл.)

Ди Анџело и Вангард, „Really Love“

Марк Ронсон и Бруно Марс, „Uptown Funk“

Ед Ширан, „Thinking Out Loud“

Tејлор Свифт, „Blank Space“

Викенд, „Can’t Feel my Face“

 

Најдобар нов уметник

Кортни Барнет

Џејмс Беј

Сем Хант

Тори Кели

Меган Трејнор

 

Најдобра изведба од поп дуо или група:

Флоренс енд д машин, „Ship to Wreck“

Марун 5, „Sugar“

Марк Ронсон и Бруно Марс, „Uptown Funk“

Tејлор Свифт и Кендрик Ламар, „Bad Blood“

Виз Калифа и Чарли Пут, „See You Again“

 

Најдобар албум од поп-вокал

Кели Кларксон, „Piece by Piece“

Флоренс енд д машин, „How Big, How Blue, How Beautiful“

Марк Ронсон, „Uptown Special“

Тејлор Свифт, „1989“

Џејмс Тејлор, „Before This World“

 

Најдобра рок изведба

Алабама шејкс, „Don’t Wanna Fight“

Флоренс енд д машин, „What Kind Of Man

Фу фајтерс, „Something From Nothing“

Ел Кинг, „Ex’s & Oh’s“

Вулф Алис, „Moaning Lisa Smile“

 

 

Најдобар албум со алтернативна музика

Aлабама шејкс, „Sound & Color“

Бјорк, „Vulnicura“

Мај морнинг џекет, „The Waterfall“

Тејм импала, „Currents“

Вилко, „Star Wars“

Најдобар урбан, современ албум

Интернет, „Ego Death“

Келани, „You Should Be Here“

Лиен Ла Хавас, „Blood“

Мигел, „Wildheart“

Викенд, „Beauty Behind the Madness“

 

Најдобар рап албум

Џеј Кол, „2014 Forest Hills Drive“

Д-р Дре, „Compton“

Дрејк, „If Youre Reading This Its Too Late“

Kендрик Ламар, „To Pimp a Butterfly“

Ники Минаж, „The Pinkprint“

 

Најдобра рок песна

Алабама шејкс, „Don’t Wanna Fight“

Ел Кинг, „Ex’s & Oh’s“

Џејмс Беј, „Hold Back the River“

Хајли саспект, „Lydia“

Флоренс енд д машин, „What Kind of Man“

 

 

Најдобар рок албум

Џејмс Беј, „Chaos and the Calm“

Дет кеб фор кјути, „Kintsugi“

Хајли саспект, „Mister Asylum“

Мјуз, „Drones“

Слипнот, „5: The Gray Chapter“

 

Најдобра ар-ен-би изведба

Тамар Брекстон, „If I Don’t Have You“

Андра Деј, „Rise Up

Хајатус кајоти, „Breathing Underwater“

Џеремаја и Џеј Кол, „Planes“

Викенд, „Earned It (Fifty Shades of Grey)“

 

Најдобра ар-ен-би песна

Мигел, „Coffee“

Викенд, „Earned It (Fifty Shades of Grey)“

Џезмин Саливан, „Let It Burn“

Д’Анџело и „Вангард“, „Really Love“

Тајрис, „Shame“

 

 

Најдобар ар-ен-би албум

Лион Бриџис, „Coming Home“

Д’Анџело и „Вангард“, „Black Messiah“

Андра Деј, „Cheers to the Fall“

Џезмин Саливан, „Reality Show“

Чарли Вилсон, „Forever Charlie“

 

Најдобра рап изведба

Џеј Кол, „Apparently“

Дрејк, „Back to Back“

Фети Веп, „Trap Queen“

Кендрик Ламар, „Alright“

Ники Минаж со Дрејк и Лил Вејн, „Truffle Butter“

Канје Вест со Теофилус Лондон, Алан Кингдом и Пол Макартни, „All Day

 

Најдобра рап/отпеана соработка

Биг Шон со Канје Вест и Џон Леџенд, „One Man Can Change the World“

Комон и Џон Леџенд, „Glory“

Џидена и Роман ЏанАртур, „Classic Man“

Кендрик Ламар со Билал, Ана Вајз и Тандеркет, „These Walls“

Ники Минаж со Дрејк, Лил Вејн и Крис Браун, „Only“

 

 

Најдобра рап песна

Канје Вест со Теофилус Лондон, Алан Кингдом и Пол Макартни, „All Day

Кендрик Ламар, „Alright“

Дрејк, „Energy“

Комон и Џон Леџенд, „Glory“

Фети Веп, „Trap Queen“

 

Најдобра поп соло изведба

Kели Кларксон, „Heartbeat Song“

Ели Гоулдинг, „Love Me Like You Do“

Ед Ширан, „Thinking Out Loud“

Тејлор Свифт, „Blank Space“

Викенд, „Can’t Feel My Face“

 

Најдобар компилациски саундтрак за визуелен медиум

Empire: Season 1

Fifty Shades of Grey

Glen Campbell: I’ll Be Me

Pitch Perfect 2

Selma

 

Најдобар компилациски албум за визуелен медиум

Викенд, „Earned It (Fifty Shades Of Grey)“

Комон и Џон Леџенд, „Glory“

Ели Гоулдинг, „Love Me Like You Do“

Виз Калифа и Чарли Пут, „See You Again“

Лејди Гага, „Til It Happens to You“

 

 

Најдобра музика за визуелен медиум

Брдмен (Birdman)

Игра на имитација (The Imitation Game)

Меѓуѕвездено (Interstellar)

Теоријата за сè (The Theory of Everything)

Ритамот на лудилото (Whiplash)

 

Најдобар видео запис

Ејсеп Роки, „LSD“

Дед ведр, „I Feel Love“

Кендрик Ламар, „Alright“

Тејлор Свифт и Кендрик Ламар, „Bad Blood“

Фарел Вилијамс, „Freedom“

 

Најдобар музички филм

Фу фајтерс, Sonic Highways

Џејмс Браун, Mr. Dynamite: The Rise of James Brown

Нина Симон, What Happened, Miss Simone

Роџер Вотерс, The Wall

Ејми Вајнхаус, Amy

 



Врати се горе ↑