Свет mtvema

17 септември, 2014

Објавени номинациите за европските музички награди на „Ем-ти-ви“ за 2014 година

По неодамнешните награди за најдобрите музички видео записи во 2014 година (МTV VMA 2014), познатиот музички канал вчера ги претстави номинациите за претстојното доделување на европските музички награди (MTV EMA), кое годинава ќе се одржи на 9 ноември (недела) во Глазгов, Шкотска (Велика Британија). Според бројот на номинации, на врвот се најде Кејти Пери која е номинирана во седум категории, веднаш позади неа е Аријана Гранде со шест номинации, Фарел Вилијамс и „5 Секндс оф Самр“ се борат за по пет награди, додека „Уан Дајрекшн“, Ники Минаж, Иги Азалија, Еминем, Сем Смит и Кајза (Kiesza) добија по 4 номинации.

Во категоријата за најдобар изведувач/група од Балканот (Best Adria Act), за жал, не се најде ниту едно македонско име, а за оваа награда ќе се борат „Ху Си“, „Ван Гог“, „Ватра“, „Пунчке“ и „Граматик“. Списокот на номинирани изведувачи во сите категории можете да го погледнете во продолжение:

Најдобра песна

  • Aријана Гранде – Problem
  • Еминем – Monster
  • Kејти Пери – Dark Horse
  • Фарел Вилијамс – Happy
  • Сем Смит – Stay With Me

Најдобар поп изведувач

  • Аријана Гранде
  • Кејти Пери
  • Мајли Сајрус
  • Уан Дајрекшн
  • 5 Секндс оф Самр

Најдобар женски изведувач

  • Аријана Гранде
  • Бијонсе
  • Кејти Пери
  • Ники Минаж
  • Тејлор Свифт

Најдобар машки изведувач

  • Ед Ширан
  • Eминем
  • Џастин Бибер
  • Џастин Тимберлејк
  • Фарел Вилијамс

Најдобар изведувач во живо

  • Бијонсе
  • Бруно Марс
  • Џастин Тимберлејк
  • Кејти Пери
  • Уан Дајрекшн

Најдобар нов изведувач

  • Аријана Гранде
  • Чарли Екс-си-екс
  • Кајза
  • Сем Смит
  • 5 Секндс оф Самр

Најдобар видео запис

  • Иги Азалија и Рита Ора – Black Widow 
  • Kејти Пери – Dark Horse
  • Kајза – Hideaway
  • Фарел Вилијамс – Happy
  • Сиа – Chandelier

Најдобар рок изведувач

  • Aрктик Манкис
  • Колдплеј
  • Имеџин Дрегонс
  • Линкин Парк
  • Д Блек Кис

Најдобар алтернативен изведувач

  • Фол Аут Бој
  • Лана Дел Реј
  • Лорд
  • Парамор
  • 30 Секндс ту Марс

Најдобар хип-хоп изведувач

  • Дрејк
  • Eминем
  • Иги Азалија
  • Ники Минаж
  • Канје Вест

Најдобар изведувач на електронска музика

  • Aфроџек
  • Aвичи
  • Келвин Харис
  • Дејвид Гета
  • Хардвел

Најстрастни фанови:

  • #EMABiggestFans1D (на Уан Дајрекшн)
  • #EMABiggestFans5SOS (на Ес-оу-ес)
  • #EMABiggestFansJustinBieber (на Џастин Бибер)
  • #EMABiggestFansNickiMinaj (на Ники Минаж)
  • #EMABiggestFansArianaGrande (на Аријана Гранде)

Најдобар изглед  (ексклузивен спонзор „Есенс“)

  • Иги Азалија
  • Kејти Пери
  • Ники Минаж
  • Рита Ора
  • Tејлор Свифт

Најдобар „Push“ изведувач

  • Aријана Гранде
  • Чарли Екс-си-екс
  • Крис Кеб
  • Џон Њуман
  • Џангл
  • Kид Инк
  • Kајза
  • Лорд
  • Сем Смит
  • Зед
  • 5 Секндс оф Самр

Најдобар настап на „светска сцена“ (World stage)

  • Aфроџек
  • Би-оу-би
  • Eли Гоулдинг
  • Енрике Иглесијас
  • Фол Аут Бој

Најдобар изведувач од Балканот (Best Adria Act)

  • Граматик
  • Пунчке
  • Ван Гог
  • Ватра
  • Ху Си

Новостите во врска со доделувањето можете да ги следите на @MTVEMA#MTVEMA на Твитер, сервисите Инстаграм или Фејсбук. Гласањето кое започна вчера, ќе трае до 8 ноември, а својот глас можете да го дадете на www.mtvema.com.

Церемонијата на доделувањето на европските музички награди за 2014 ќе се одржи во салата „The Hydro“ во Глазгов на 9 ноември (недела). Претходни градови домаќини на овие награди биле Амстердам (2013), Франкфурт (2012), Белфаст (2011), Мадрид (2010), Берлин (2009), Ливерпул (2008), Минхен (2007), Копенхаген (2006), Лисабон (2005), Рим (2004), Единбург (2003), Барселона (2002), Франкфурт (2001), Стокхолм (2000), Даблин (1999), Милано (1998), Ротердам (1997), Лондон (1996), Парис (1995) и Берлин во 1994 година кога се одржа првото доделување на овие награди.

 

 



Врати се горе ↑