Свет i_b03a09b5539

12 јануари, 2013

Објавени номинациите за Британските музички награди

Објавени се номинациите за претстојното издание на Британските музички награди кои ќе се одржат на 20-ти февруари во лондонската O2 Arena. Листата ја предводи Емели Санде, која го имаше најдобро продаваниот британски албум на годината, со 4 номинации. Таа е номинирана со две нумери во категоријата Најдобар британски сингл, а ќе се натптреварува и за Најдобар британски женски изведувач и Најдобар британски албум.

По три номинации добија британските фолк ѕвезди Мамфорд енд санс, алтернативниот бенд Алт-Џеј и новата музичка ѕвезда Рита Ора. По две номинации добија Мјуз, Палома Фејт, Плен Би, Оли Мрс, Џеси Вер, Бен Хауард, Ријана и Колдплеј.

Ејми Вајнхаус доби постхумна номинација во категоријата Најдобар британски женски изведувач, благодарение на нејзиниот постхумен албум „Lioness: Hidden Treasures”.

Годинава повторно е воведена категоријата Најдобар британски бенд во живо, во која се номинирани Ролинг Стоунс. Водител на наградите ќе биде актерот и комичар Џејмс Корден. Организаторите најавија дека на британските музички награди ќе настапат Мјуз, Роби Вилијамс, Емели Санде, Мамфорд енд санс, Бен Хауард и Уан Дајрекшн. Во продолжение погледнете ја целосната листа на номинации во сите категории.

Најдобар британски нов изведувач

Alt J
Ben Howard
Jake Bugg
Jessie Ware
Rita Ora

Најдобар британски женски изведувач

Amy Winehouse
Bat for Lashes
Emeli Sandé
Jessie Ware
Paloma Faith

Најдобра британска група

Alt J
Mumford and Sons
Muse
One Direction
The xx

Најдобар британски изведувач во живо

Rolling Stones
Coldplay
Mumfords
Muse
Vaccines

Најдобар британски машки изведувач

Ben Howard
Calvin Harris
Olly Murs
Richard Hawley
Plan B

Глобален успех

Mumford and Sons
Adele
One Direction

Најдобара британски продуцент

Damon Albarn
Jake Gosling
Paul Epworth

Најдобар британски сингл

Adele, Skyfall
Alex Clare, Too Close
Coldplay + Rihanna, Princess of China
Rita Ora/DJ Fresh, Hot Right Now
Emile Sandé, Next To Me
Florence+ the Machine, Spectrum
James Arthur, Impossible
Jessie J, Domino
Labrinth ft. Emeli Sandé, Beneath Your Beautiful
Ollie Murs, Troublemaker
Rita Ora, RIP
Rizzle Kicks, Mama Do The Hump
Robbie Williams, Candy
Rudimental, Feel the Love
Stooshe, Black Heart

Специјална награда

War Child

Critics’ Choice

Tom Odell

Најдобар интернационален женски изведувач

Rihanna
Alicia Keys
Cat Power
Lana del Ray
Taylor Swift

Најдобра интернационална група

Alabama Shakes
Black Keys
Fun
Killers
Script

Најдобар интернационален машки изведувач

Bruce Springsteen
Frank Ocean
Gotye
Jack White
Michael Bublé

Најдобар британски албум

Alt-J – An Awesome Wave

Emeli Sandé – Our Version Of Events

Mumford & Sons – Bable

Paloma Faith – Fall To Grace

Plan B – Ill Manors



Врати се горе ↑