Свет 12299355_934408819930051_5031142246131959065_n

15 јануари, 2016

Објавени номинациите за британските музички награди

… Адел, Џејмс Беј и „Јирс енд јирс“ со по 4 номинации

Вчера беа објавени номинациите за британскиот еквивалент на Греми наградите, односно британските музички награди. Според бројот на номинации предводи суперѕвездата Адел, нејзиниот колега Џејмс Беј и групата „Јирс енд јирс“, секој од нив во трка за по 4 статуетки, а по три номинации добија шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис и младата ѕвезда Џес Глин.

Четирите номинации за Адел се благодарение на нејзиниот трет студиски албум „25“, кој во првите три недели од објавувањето во ноември минатата година, во Велика Британија се продаде во 2,5 милиони примероци. Пејачката, која е и една од првите потврдени изведувачи што ќе настапат на самото доделување, е номинирана во категориите „Британски женски изведувач“, „Британски сингл“ и „Британски видео запис“ за „Hello“ и најважната „Британски албум на годината“ за „25“. Во оваа категорија ќе се натпреварува со колегите Џејмс Беј, Џејми Екс-екс и групите „Колдплеј“ и „Флоренс енд д машин“.

На самата манифестација ќе му се оддаде почит и на неодамна починатиот великан на британската и светска музичка сцена, Дејвид Боуви, кој деновиве ја изгуби 18-месечната битка со ракот. Легендарниот музичар последен пат освои БРИТ награда во 2014 година, кога беше прогласен за британски изведувач на годината, a во 1996-та му беше врачена наградата за особен придонес во британската музика.

Во поглед на изведувачите, покрај Адел, засега се потврдени и настапите на Џес Глин, Џејмс Беј, „Литл микс“ и „Колдплеј“, како и канадските ѕвезди Џастин Бибер и Викенд, кои се номинирани во категоријата „Интернационален машки изведувач“. Манифестацијата за 36. доделување на британските музички награди ќе се одржи на 24 февруари во арената „О2“ во Лондон, а кој сè е во трка за годинешните БРИТ награди, дознајте во продолжение.

Британски машки изведувач

  • Ејфекс Твин
  • Келвин Харис
  • Џејмс Беј
  • Џејми Екс-екс
  • Марк Ронсон

Британски женски изведувач

  • Адел
  • Ејми Вајнхаус
  • Флоренс Велч (Флоренс енд д машин)
  • Џес Глин
  • Лора Марлинг

Британска група

  • Блур
  • Колдплеј
  • Фоулс
  • Уан дајрекшн
  • Јирс енд јирс

Британски изведувач во подем

  • Кетфиш енд д ботлмен
  • Џејмс Беј
  • Џес Глин
  • Вулф Алис
  • Јирс енд јирс

Избор на критиката

  • ПОБЕДНИК: Џек Гарат
  • Изи Бизу
  • Френсис

Британска награда за глобален успех: Ќе биде соопштена наскоро

Британски сингл

Британски албум на годината

  • Адел – „25“
  • Колдплеј – „A Head Full of Dreams“
  • Флоренс енд д машин – „How Big, How Blue, How Beautiful“
  • Џејмс Беј – „Chaos and the Calm“
  • Џејми Екс-екс – „In Colour“

Британски продуцент на годината

  • Чарли Ендру
  • Марк Ронсон
  • Мајк Кроси
  • Том Далгети

Видео запис на годината од британски уметник

Интернационален машки изведувач

  • Дрејк
  • Фадр Џон Мисти
  • Џастин Бибер
  • Кендрик Ламар
  • Викенд

Интернационален женски изведувач

  • Аријана Гранде
  • Бјорк
  • Кортни Барнет
  • Лана Дел Реј
  • Меган Трејнор

Интернационална група

  • Алабама шејкс
  • Иглс оф дет метал
  • Мејџор лејзер
  • Тејм импала
  • Ју-ту

Во меѓувреме, потсетете се и на минатогодишните настапи, меѓу кои најголемо внимание привлече Мадона. 

И.Ј.



Врати се горе ↑