Свет brit-awards-2014

10 јануари, 2014

Објавени номинациите за Британските музички награди

Првите месеци од годината секогаш се резервирани за доделување награди за сработеното од претходната, па покрај Греми, Златен Глобус, Оскарите и слични награди кои се доделуваат во САД, една од најзначајните манифестации за музичката индустрија во Европа е секако доделувањето на Британските музички награди (BRIT Awards), кои се британскиот еквивалент на Греми наградите.

Меѓу годинешните номинирани уметници се најдоа и хитмејкерите Бастил, кои заедно со Дисклоужр имаат по четири номинации, сензацијата Рудиментал ќе се бори за статуетки во три категории како што се Група, Сингл и Албум на годината, а тука се и Уан Дајрекшн, Ели Гоулкдинг, Арктик Манкис и Џеси Џеј, како и Џон Њуман, Песинџер и Сем Смит. Музичката икона Дејвид Боуви, чиј албум „The Next Day“ од 2013 година доби златен сертификат во Велика Британија, е номиниран во категориите Британски машки соло изведувач и Албум на годината, а во интернационалните категории се најдоа Кејти Пери, Лејди Гага, Пинк, Лорд, Бруно Марс, Еминем, Џастин ТимберлејкДафт Панк, Аркејд Фајр, Меклмор и Рајан Луис и други.

34-тото доделување на Британските музички награди ќе се одржи на 19-ти февруари во лондонската О2 арена, во улога на водител ќе се појави комичарот Џејмс Корден, а ќе настапат Арктик Манкис, Бастил, Рудиментал, Бруно Марс, Кејти Пери и Ели Гоулдинг. Во продолжение погледнете ја листата на номинации.

BRITISH MALE SOLO ARTIST
David Bowie
Jake Bugg
James Blake
John Newman
Tom Odell

BRITISH FEMALE SOLO ARTIST
Birdy
Ellie Goulding
Jessie J
Laura Marling
Laura Mvula

BRITISH GROUP
Arctic Monkeys
Bastille
Disclosure
One Direction
Rudimental

BRITISH BREAKTHROUGH ACT
Bastille
Disclosure
Laura Mvula
London Grammar
Tom Odell

CRITICS’ CHOICE
Sam Smith
Chloe Howl
Ella Eyre

BRITISH SINGLE
Bastille, “Pompeii”
Calvin Harris feat. Ellie Goulding, “I Need Your Love”
Disclosure feat. AlunaGeorge, “White Noise”
Ellie Goulding, “Burn”
John Newman, “Love Me Again”
Naughty Boy feat. Sam Smith, “La La La”
Olly Murs, “Dear Darlin’”
One Direction, “One Way Or Another (Teenage Kicks)”
Passenger, “Let Her Go”
Rudimental feat. Ella Eyre, “Waiting All Night”

MASTERCARD BRITISH ALBUM OF THE YEAR
Arctic Monkeys, AM
Bastille, Bad Blood
David Bowie, The Next Day
Disclosure, Settle
Rudimental, Home

BRITISH PRODUCER OF THE YEAR
Ethan Johns
Flood & Alan Moulder
Paul Epworth

INTERNATIONAL MALE SOLO ARTIST
Bruno Mars
Drake
Eminem
John Grant
Justin Timberlake

INTERNATIONAL FEMALE SOLO ARTIST
Janelle Monae
Katy Perry
Lady Gaga
Lorde
Pink

INTERNATIONAL GROUP
Arcade Fire
Daft Punk
Haim
Kings of Leon
Macklemore & Ryan Lewis



Врати се горе ↑