Свет

9 јануари, 2018

Објавени номинациите за британските филмски награди „БАФТА 2018“

Британските академски филмски награди, наречени уште и БАФТА, по 71. пат ќе бидат доделени на 18 февруари, а на манифестацијата што ќе се одржи во концертната сала „Ројал Алберт хол“, водителка ќе биде англиската актерка и двократна добитничка на БАФТА, Џоана Ламли. Како што е познато, наградите ги доделува Британската академија за филмски и театарски уметности, а признанијата ги добиваат играните и документарни филмови што биле прикажувани во британските кина во текот на претходната година.

Вообичаено, сезоната на филмски награди ја започнуваат златните глобуси, па номинираните на ова доделување обично доминираат и на следните манифестации, како што се и БАФТА и Оскарите. Имајќи го предвид сето тоа, не нè изненадува фактот што најмногу номинации и овде доби „Формата на водата“ (The Shape of Water), кој е во трка за 12 статуетки, по 9 номинации имаат „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri) и „Најмрачниот час“ (Darkest Hour), а за осум награди ќе се натпреваруваат „Данкирк“ (Dunkirk) и „Блејд ранер 2049“ (Blade Runner 2049), додека во трка за пет награди е биографскиот „Јас, Тонја“ (I, Tonya).

Сите номинации ве очекуваат во продолжение.

Најдобар филм

Најдобар британски филм

  • Најмрачниот час 
  • Смртта на Сталин (The Death of Stalin)
  • Земјата на Господ (God’s Own Country)
  • Лејди Макбет (Lady Macbeth)
  • Педингтон 2 (Paddington 2)
  • Три билборди пред Ебинг, Мисури

Најдобро деби на британски автор, режисер или продуцент

  • „Чудовиштето“ (The Ghoul), Гарет Танли (автор, режисер и продуцент), Џек Хили Гатман и Том Митен (продуценти)
  • „Не сум вештерка“ (I Am Not A Witch), Рунгано Најони (авторка, режисерка), Емили Морган (продуцентка)
  • „Вилица“ (Jawbone), Џони Харис (автор, продуцент), Томас Напер (режисер)
  • „Нашето кралство“ (Kingdom of Us), Луси Коен (режисерка)
  • „Лејди Макбет“, Алис Бирч (авторка), Вилијам Олдројд (режисер), Фодла Кронин О’Рајли (продуцентка)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

  • „Таа“ (Elle), Пол Верхевен и Саид Бен Саид
  • „Прво го убија татко ми“ (First They Killed My Father), Анџелина Џоли и Рити Пан
  • „Слугинката“ (The Handmaiden), Парк Чан-вук, Сид Лим
  • „Нељубов“ (Loveless), Андреј Звјагинтсев, Александар Родњански
  • „Продавачот“ (The Salesman), Асгар Фархади, Александар Мале-Ги

Најдобар документарен филм

  • „Град на духови“ (City of Ghosts)
  • „Не сум твојата црнчуга“ (I Am Not Your Negro)
  • „Икар“ (Icarus)
  • „Несоодветно продолжение“ (An Inconvenient Sequel)
  • „Џејн“ (Jane)

Најдобар анимиран филм

  • „Коко“ (Coco)
  • „Со љубов, Винсент“ (Loving Vincent)
  • „Мојот живот како тиквичка“ (My Life As A Courgette)

Најдобар режисер

  • „Блејд ранер 2049“, Денис Вилнев
  • „Викни ме со твоето име“, Лука Гвадањино
  • „Данкирк“, Кристофер Нолан
  • „Формата на водата“, Гијермо дел Торо
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Мартин МекДона

Најдобро оригинално сценарио

  • „Излегувај“ (Get Out), Џордан Пил
  • Јас, Тонја“, Стивен Роџерс
  • „Лејди брд“ (Lady Bird), Грета Гервиг
  • „Формата на водата“, Гијермо дел Торо и Ванеса Тејлор
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Мартин МекДона

Најдобро адаптирано сценарио

  • „Викни ме со твоето име“, Џејмс Ајвори
  • „Смртта на Сталин“, Армандо Јанучи, Ијан Мартин и Дејвид Шнајдер
  • „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“ (Film Stars Don’t Die In Liverpool), Мет Гринхалг
  • „Играта на Моли“ (Molly’s Game), Арон Соркин
  • Педингтон 2“, Сајмон Фарнаби и Пол Кинг

Најдобра актерка во главна улога

  • Анет Бенинг, „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“
  • Френсис Мекдорманд, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
  • Марго Роби, „Јас, Тонја“
  • „Сели Хокинс, „Формата на водата“ 
  • Срша Ронан, „Лејди брд“

Најдобар актер во главна улога

  • Даниел Деј-Луис, „Фантомски конец“ (Phantom Thread)
  • Даниел Калуја, „Излегувај“
  • Гери Олдман, „Најмрачниот час“
  • Џејми Бел, „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“
  • Тимоти Шаламе, „Викни ме со твоето име“

Најдобра актерка во споредна улога

  • Алисон Џени, „Јас, Тонја“
  • Кристин Скот Томас, „Најмрачниот час“
  • Лори Меткалф, „Лејди брд“
  • Лесли Менвил, „Фантомски конец“
  • Октавија Спенсер, „Формата на водата“

Најдобар актер во споредна улога

  • Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“ (All the Money in the World)
  • Хју Грант, „Педингтон 2“
  • Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
  • Вилем Дафо, „Проектот Флорида“ (The Florida Project)
  • Вуди Харелсон, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Оригинална музика

  • „Блејд ранер 2049“, Бенџамин Волфиш, Ханс Цимер
  • Најмрачниот час“, Дарио Маријанели
  • Данкирк“, Ханс Цимер
  • „Фантомски конец“, Џони Гринвуд
  • „Формата на водата“, Александар Десплат

Најдобра кинематографија

  • Блејд ранер 2049“, Роџер Дикинс
  • „Најмрачниот час“, Бруно Делбонел
  • „Данкирк“, Хојт ван Хојтема
  • „Формата на водата“, Ден Лостен
  • Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Бен Дејвис

Најдобра монтажа

  • Возачот Бејби“ (Baby Driver), Џонатан Ејмос и Пол Маклис
  • „Блејд ранер 2049“, Џо Вокер
  • „Данкирк“, Ли Смит
  • „Формата на водата“, Сидни Волински
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Џон Грегори

 

Најдобар дизајн на продукција

  • Убавицата и ѕверот“, Сара Гринвуд и Кејти Спенсер
  • „Блејд ранер 2049“, Денис Гаснер, Алесандра Керцола
  • Најмрачниот час“, Сара Гринвуд и Кејти Спенсер
  • „Данкирк“, Нејтан Краули и Гери Фетис
  • „Формата на водата“, Пол Остербери, Џеф Мелвин и Шејн Вијо

Најдобар дизајн на костими

  • Убавицата и ѕверот“, Жалин Дуран
  • „Најмрачниот час“, Жаклин Дуран
  • Јас, Тонја“, Џенифер Џонсон
  • Фантомски конец“, Марк Бриџис
  • Формата на водата“, Луис Секјеира

Најдобра шминка и фризура

  • „Блејд ранер 2049“, Доналд Моват и Кери Ворн
  • „Најмрачниот час“, Дејвид Малиновски, Ивана Приморац, Луси Сибик и Казухиро Цуџи
  • „Јас, Тонја“, Дебора Ла Миа Денавер, Адруита Ли
  • „Викторија и Абдул“, Даниел Филипс и Лу Шепард
  • „Чудо“ (Wonder), Наоми Бакстад, Роберт А. Пандини и Арџен Туитен

Најдобар звук

  • Возачот Бејби“
  • „Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

Најдобри специјални визуелни ефекти

  • Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
  • „Војна за планетата на мајмуните“

Британски краткометражен анимиран филм

  • „Имај срце“ (Have Heart)
  • „Мамун“ (Mamoon)
  • „На два различни пола“ (Poles Apart)

Британски краток филм

  • „Амир“ (Aamir)
  • „Каубојот Дејв“ (Cowboy Dave)
  • „Човекот што се дави“ (A Drowning Man)
  • „Работа“ (Work)
  • „Момчињата-врапци“ (Wren Boys)

Ѕвезда во подем (по избор на публиката)

  • Даниел Калуја (Daniel Kaluuya)
  • Флоренс Пју (Florenсe Pugh)
  • Џош О’Конор (Josh O’Connor)
  • Теса Томпсон (Tessa Thopmson)
  • Тимоти Шаламе (Timothéе Chalamet)


Врати се горе ↑