Свет BAFTA_2016

10 јануари, 2017

Објавени номинациите за британските филмски награди „БАФТА 2017“

Во пресрет на јубилејното, 70. по ред доделување на британските филмски награди, кое ќе се одржи на 12 февруари во „Ројал Алберт хол“ во Лондон, денеска беа објавени номинациите за овој британски еквивалент на Оскарите.

Само два дена откако триумфираше на 74. доделување на „Златните глобуси“, победувајќи во сите седум категории во кои беше номиниран, мјузиклот „Ла ла ленд“ е потенцијален добитник на импресивни 11 статуетки, овој пат во форма на златни маски. Новото филмско остварување на младиот режисер Демиен Чазел повторно е во трка за главните награди, меѓу кои најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобра машка и женска главна улога за Рајан Гослинг и Ема Стоун, како и најдобра оригинална музика за Џастин Хрвиц.

Веднаш зад него, со по 9 номинации се филмовите чии главни улоги ги игра Ејми Адамс, „Пристигнување“ (Arrival) и „Ноќни животни“ (Noctural Animals), а во шест категории е номиниран „Манчестер покрај морето“ (Manchester By The Sea). Комплетниот список со номинации Ве очекува во продолжение.

Најдобар филм
„Пристигнување“ (Arrival)
„Јас, Даниел Блејк“ (I, Daniel Blake)
„Ла ла ленд“ (La La Land)
„Манчестер покрај морето“ (Manchester By The Sea)
„Месечева светлина“ (Moonlight)

 

Најдобар британски филм
„Американска миленичка“ (American Honey)
„Одрекување“ (Denial
Фантастични ѕверови и каде да ги најдеш“ (Fantastic Beasts And Where To Find Them
„Јас, Даниел Блејк“ (I, Daniel Blake) 
„Белешки за слепило“ (Notes On Blindness
„Под сенката“ (Under The Shadow

Најдобро деби на британски автор, режисер или продуцент
„Девојката со сите таленти“ (The Girl With All the Gifts): Мајк Кери (автор), Камил Гејтин (продуцент)
„Кочница“ (The Hard Stop): Џорџ Ампонса (автор/режисер/продуцент), Дион Вокер (автор, продуцент)
„Белешки за слепило“ (Notes on Blindness): Питер Мидлтон (автор, режисер, продуцент), Џејмс Спини (автор/режисер), Џо-Џо Елисон (продуцент)
„Подавање“ (The Pass): Џон Донели (автор), Бен А. Вилијамс (режисер)
„Под сенката“ (Under the Shadow): A Бабак Анвари (автор/режисер), Емили Лио, Оливер Роскил и Лукан Тох (продуценти)

 

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје
„Дипан“ (Dheepan)
„Хулиета“ (Julieta)
„Мустанг“ (Mustang)
„Синот на Саул“ (Son of Saul)
„Тони Ердман“ (Toni Erdmann)

Најдобар документарен филм
„Тринаесетти“ (13th)
„Битлси: Осум дена неделно – годините на турнеја“ (The Beatles: Eaight Days a Week – The Touring Years) 
„Ловџијката на орли“ (The Eagle Huntress
„Белешки за слепило“ (Notes On Blindness) 
„Винер“ (Weiner)

 

Најдобар анимиран филм 
„Наоѓајќи ја Дори“ (Finding Dory)
„Кубо, легенда за самурајот“ (Kubo And The Two Strings)
„Моана“ (Moana)
„Зоотопија“ (Zootopia)

Најдобра режија
„Присигнување“, Денис Вилнев
„Јас, Даниел Блејк“, Кен Лоуч
Ла ла ленд“, Демиен Чазел
„Манчестер покрај морето“, Кенет Лонерган
„Ноќни животни“, Том Форд

 

Најдобро оригинално сценарио
„По секоја цена“ (Hell Or High Water), Тејлор Шеридан
„Јас, Даниел Блејк“, Пол Лаверти
„Ла ла ленд“, Демиен Чазел
Манчестер покрај морето“, Кенет Лонерган
„Месечева светлина“, Бери Џенкинс

Најдобро адаптирано сценарио
„Пристигнување“, Ерик Хајсерер 
„’Рт на спасот“ (Hacksaw Ridge), Ендру Најт и Роберт Шенкан
„Скриени фигури“, (Hidden Figures), Теодор Мелфи и Алисон Шредер
„Лав“ (Lion), Лук Дејвис
„Ноќни животни“, Том Форд

 

Најдобар актер во главна улога
Ендру Гарфилд, „’Рт на спасот“
Кејси Афлек, „Манчестер покрај морето“
Џејк Гиленхал, „Ноќни животни“
Рајан Гослинг, „Ла ла ленд“
Виго Мортенсен, „Капетан Фантастик“

Најдобра актерка во главна улога
Ејми Адамс, „Пристигнување“
Емили Блант, „Девојката во возот“ (The Girl On The Train)
Ема Стоун, „Ла ла ленд“
Мерил Стрип, „Флоренс Фостер Џенкинс“
Натали Портман, „Џеки“

Најдобар актер во споредна улога
Арон Тејлор Џонсон, „Ноќни животни“
Дев Пател, „Лав“
Хју Грант, „Флоренс Фостер Џенкинс“
Џеф Бриџис, „По секоја цена“
Махершала Али, „Месечева светлина“

 

Најдобра актерка во споредна улога
Хејли Скуајрс, „Јас, Даниел Блејк“
Мишел Вилијамс, „Манчестер покрај морето“
Наоми Харис, „Месечева светлина“
Никол Кидман, „Лав“
Виола Дејвис, „Огради“ (Fences)

Најдобра оригинална музика 
„Пристигнување“, Јохан Јохансон
„Џеки“, Мика Леви
„Ла ла ленд“, Џастин Хрвиц
„Лав“, Дастин О’Халоран и Хаушка
„Ноќни животни“, Абел Корзениовски 

Најдобра кинематографија
„Пристигнување“, Бредфорд Јанг
„По секоја цена“, Џајлс Натџенс
„Ла ла ленд“, Лајнус Сандгрен
„Лав“, Грег Фрејзер
„Ноќни животни“, Шејмус МекГарви 

 

Најдобра монтажа
„Пристигнување“, Џо Вокер
„’Рт на спасот“, Џон Гилберт
„Ла ла ленд“, Том Крос
„Манчестер покрај морето“, Џенифер Лејм
„Ноќни животни“, Џоан Собел 

Најдобар дизајн на продукција
„Доктор Стрејнџ“ (Doctor Strange), Чарлс Вуд и Џон Буш
„Фантастични ѕверови и каде да ги најдеш“, Стјуарт Крег и Ана Пинок 
„Аве Цезар“ (Hail, Caesar!), Џес Гончор и Ненси Хеј
„Ла ла ленд“, Дејвид Васко и Сенди Рејнолдс-Васко
„Ноќни животни“, Шејн Валентино и Мег Еверист

Најдобар дизајн на костими
„Сојузници“ (Allied), Џоана Џонстон
„Фантастични ѕверови и каде да ги најдеш“, Колин Атвуд
„Флоренс Фостер Џенкинс“, Конзолата Бојл
„Џеки“, Медлин Фонтен
„Ла ла ленд“, Мери Зофрес

 

Најдобра фризура и шминка
„Доктор Стрејнџ“, Џереми Вудхед
„Флоренс Фостер Џенкинс“, Џ. Рој Хеланд и Даниел Филипс
„’Рт на спасот“, Шејн Томас
„Ноќни животни“, Доналд Моват и Јоланда Тусинг
„Роуг 1: Приказна за војна на ѕвездите“ (Rogue One: A Star Wars Story

Најдобар звук
„Пристигнување“, Силвен Белмар, Клод Ла Ај и Бернар Гариепи Стробл 
„Пекол на хоризонтот“ (Deepwater Horizon), Дрор Мохар, Мајк Прествуд Смит, Вајли Стејтман и Дејвид Вајман 
„Фантастични ѕверови…“, Нив Адири, Глен Фриментл, Сајмон Хејс, Енди Нелсон и Иан Тап 
„’Рт на спасот“, Питер Грејс, Роберт Мекенси, Кевин О’Конел и Енри Рајт
„Ла ла ленд“, Милдред Јатру Морган, Ај-Линг Ли, Стив Мороу и Енди Нелсон 

Најдобри специјални визуелни ефекти
„Пристигнување“, Луис Морин 
„Доктор Стрејнџ“, Ричард Блаф, Сефан Серети, Пол Корбоулд, Џонатан Фокнер
„Фантастични ѕверови…“, Тим Бурк, Пабло Грило, Кристијан Манц  Дејвид Воткинс
„Книга за џунглата“, Роберт Легато, Ден Лемон, Ендру Џонс и Адам Валдез
„Роуг 1: Приказна за војна на ѕвездите“, Нил Корбоулд, Хал Хикел, Моен Лио, Џон Нол  и Најџел Самнер 

 

Најдобар британски краток анимиран филм 
„Алановата димензија“ (The Alan Dimension)
„Љубовна приказна“ (A Love Story)
„Силна“ (Tough)

Најдобар британски краток филм
„Потрошени“ (Consumed
„Дома“ (Home)
„Порта на пеколот“ (Mouth Of Hell
„Забава“ (The Party)
„Мирување“ (Standby)

Ѕвезда во подем (по избор на публиката)
Ања Тејлор-Џој
Лаја Коста
Лукас Хеџис
Рут Нега
Том Холанд



Врати се горе ↑