Свет

12 јануари, 2019

Објавени номинациите за „БАФТА 2019“, предводи „Фаворитот“ со 12

Британските филмски награди, или БАФТА, кои се своевиден еквивалент на американските Оскари, ги објавија номинациите за своето 72. доделување што ќе се одржи на 10 февруари. Според бројот на номинации предводи „Фаворитот“ (The Favourite), кој е во трка за 12 статуетки, вклучувајќи ги и категориите за филм на годината и британски филм на годината. Номинирана е и Оливија Колман, која пред само неколку дена се закити и со Златен глобус за улогата на кралицата Ана, а потенцијални добитнички на наградата за најдобра споредна улога се и нејзините колешки Рејчел Вајс и Ема Стоун.

 

По седум номинации добија филмските хитови „Боемска рапсодија“ и „Ѕвездата е родена“, вклучувајќи ги оние за најдобри главни улоги на Рами Малек, Бредли Купер и Лејди Гага, како и „Првиот човек“ и „Рома“. Шест номинации има „Заменик“, а пет „Црниот член на Кју Клукс Клан“ на Спајк Ли, кој годинава за првпат е номиниран во натпреварувачки категории откако во 2002 доби почесна награда од БАФТА.

Сите номинации погледнете ги во продолжение.

Најдобар филм

Најдобар британски филм

Најдобро деби на британски автор, режисер или продуцент

  • „Апостаза“ (Apostasy), Даниел Кокотејлоу (автор, режисер)
  • „Ѕвер“, Мајкл Пирс (автор, режисер), Лорен Дарк (продуцентка)
  • „Камбоџиска пролет“ (A Cambodian Spring), Крис Кели (автор, режисер)
  • „Пили“ (Pili), Лиен Велам (авторка, режисерка), Софи Харман (продуцентка)
  • „Реј и Лиз“ (Ray & Liz), Ричард Билингам (автор, режисер), Џеки Дејвис (продуцентка)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

Најдобар документарен филм

Најдобар анимиран филм

Најдобар режисер

  • Црн член на Кју Клукс Клан, Спајк Ли
  • Студена војна, Павел Павликовски
  • Фаворитот, Јоргос Лантимос
  • Рома, Алфонсо Куарон
  • Ѕвездата е родена, Бредли Купер

Најдобро оригинално сценарио

  • Студена војна, Јанус Гловаки и Павел Павликовски
  • Фаворитот, Дебора Дејвис и Тони МекНамара
  • Зелената книга, Брајан Кири, Питер Фарели и Ник Валелонга
  • Рома, Алфонсо Куарон
  • Заменик, Адам МекКеј

Најдобро адаптирано сценарио

  • Црн член на Кју Клукс Клан – Спајк Ли, Дејвид Рабиновиц, Чарли Вачел и Кевин Вилмот
  • Ќе ми простиш ли некогаш? (Can You Ever Forgive Me?) – Никол Холофсенер и Џеф Вити
  • Првиот човек (First Man)Џош Сингер
  • Ако улицата Бил можеше да зборува (If Beale Street Could Talk) Бери Џенкинс
  • Ѕвездата е родена – Бредли Купер, Вил Фетерс и Ерик Рот

Најдобра актерка во главна улога

  • Глен Клоуз, Сопругата (The Wife)
  • Лејди Гага, Ѕвездата е родена
  • Мелиса Мекарти, Ќе ми простиш ли некогаш?
  • Оливија Колман, Фаворитот
  • Вајола Дејвис, Вдовици (Widows)

Најдобар актер во главна улога

  • Бредли Купер, Ѕвездата е родена
  • Кристијан Бејл, Заменик
  • Рами Малек, Боемска рапсодија
  • Стив Куган, Стен и Оли
  • Виго Мортенсен, Зелената книга

Најдобра актерка во споредна улога

  • Ејми Адамс, Заменик
  • Клер Фој, Првиот човек
  • Ема Стоун, Фаворитот
  • Марго Роби, Марија, кралица на Шкотите (Mary, Queen оf Scots)
  • Рејчел Вајс, Фаворитот

Најдобар актер во споредна улога

  • Адам Драјвер, Црн член на ККК
  • Махершала Али, Зелената книга
  • Ричард Е. Грант, Ќе ми простиш ли некогаш?
  • Сем Роквел, Заменик
  • Тимоти Шаламе, Убаво момче (Beautiful Boy)

Најдобра оригинална музика

  • Црн член на ККК
  • Ако улицата Бил можеше да зборува
  • Остров на кучињата
  • Мери Попинс се враќа
  • Ѕвездата е родена

Најдобра кинематографија

  • Боемска рапсодија
  • Студена војна
  • Фаворитот
  • Првиот човек
  • Рома

Најдобра монтажа

  • Боемска рапсодија
  • Фаворитот
  • Првиот човек
  • Рома
  • Заменик

Најдобар дизајн на продукција

Најдобар дизајн на костими

  • Балада за Бастер Скрагс (The Ballad of Buster Scruggs)
  • Боемска рапсодија
  • Фаворитот
  • Мери Попинс се враќа
  • Марија, кралица на Шкотите

Најдобра шминка и фризура

  • Боемска рапсодија
  • Фаворитот
  • Марија, кралица на Шкотите
  • Стен и Оли
  • Заменик

Најдобар звук

Најдобри специјални визуелни ефекти

Британски краткометражен анимиран филм

  • Јас сум ОК (I’m OK)
  • Марфа (Marfa)
  • Грубост (Roughhouse)

Британски краток филм

  • 73 крави (73 Cows)
  • Ерген, 38 (Bachelor, 38)
  • Сината врата (The Blue Door)
  • Поле (The Field)
  • Кит (Whale)

Ѕвезда во подем (по избор на публиката)

  • Бери Кјоган (Barry Keoghan)
  • Синтија Ериво (Cinthia Erivo)
  • Џеси Бакли (Jessie Buckley)
  • Лакит Стенфилд (Lakeith Stanfield)
  • Летиша Рајт (Letitia Wright)


Врати се горе ↑