Свет ga

6 декември, 2014

Објавени номинациите за 57. доделување на Греми наградите

Како што се наближува крајот на годината, така започнуваат и подготовките за претстојната сезона на награди, а деновиве беа откриени номинациите за претстојното 57. доделување на Греми наградите, кое ќе се одржи на 8 февруари следната година.

Според бројот на номинации предводи британскиот пејач Сем Смит, чие деби издание „In The Lonely Hour“ заедно со изданијата на Бек, Бијонсе, Ед Ширан и Фарел Вилијамс е номинирано во категоријата „Албум на годината“. За „Снимка на годината (Record of the year)“ ќе се борат Иги Азалија и Чарли Екс-си-екс со „Fancy“, Сиа со „Chandelier“, Сем Смит со „Stay With Me (Darkchild version)“, Тејлор Свифт со „Shake It Off“ и Меган Трејнор со „All About That Bass“, а слична е ситуацијата во категоријата за „Песна на годината“, во која наместо хитот на Иги и Чарли номинирана е „Take Me To Church“ на Хозиер.

За „Најдобар нов уметник“ се номинирани „Бастил“, Иги Азалија, Бренди Кларк, Хаим и Сем Смит, а комплетната листа за сите 83 категории можете да ја видите на веб страната на Греми.

 



Врати се горе ↑