8 јули, 2015

Објавена третата компилација „Balkan Under The Radar“

После повеќемесечни подготовки, регионалната компилација „Balkan Under The Radar“, под закрила на издавачката куќа „Блек планет рекордс“ (Black Planet Records), го доживеа и своето трето издание. Бидејќи веќе го зацврсти звукот на етикетата и своите резиденти, екипата од „Црната планета“ ни ја претставува својата „Црна генерација“.

„Компилациите ’Balkan Under The Radar’ имаат за цел да откриваат интересни музички имиња генерално од Србија, но и од останатите земји од просторот на поранешна Југославија, заедно со нашите резиденти и пријатели. Успеавме да го обединиме подземјето на речиси сите поранешни југословенски републики. Поголемиот дел е направен специјално за оваа компилација, а сите теми не биле објавени досега. Овој пат компилацијата се состои од две целини со по 32 нумери и изведувачи од целиот регион. Првиот дел е посветен на свиречките и електронски алтернативни бендови со вокали, а вториот е посветен на експерименталната инструментална музика и електроника. Што се однесува на застапеноста на правците, и овој пат дијапазонот е мошне широк, така што има алтернативен рок и метал, пост рок/дарк уејв, електроника, индустријал, амбиен, нојз, авангарден џез, бејс, грајм/хип-хоп, даб, експериментална музика и др. Компилацијата нема да ја има во физичко издание и нема да биде во продажба, но ќе може да се добие како подарок, така што оние коишто се заинтересирани да поседуваат дискови, ќе Ви подариме еден примерок. Обвивката ја дизајнираше Велибор Станојевиќ – Well-Bee (www.artstation.com/artist/wellbeewellbee.deviantart.com). Спакувана е со самата компилација, па Ве охрабруваме и самите да снимите свое цеде“, пишува во соопштението од „Црната планета“.

Во претходните две компилации учествуваа нашите групи „Мизар“ и Сикст катарзис“ (The Sixth Catharsis), но овој пат, за жал, нема ниту една група/изведувач од Македонија. Третата по ред компилација „Balkan Under The Radar“ можете да ја преслушате и да симнете на Бендкемп, а доколку сте ги пропуштиле претходните две, целата трилогија можете да ја преземете на овој линк.

 



Врати се горе ↑