Настани 388684_360020574117902_1637131684_n

31 мај, 2013

Објавена програмата за „Т’к так фест 2013“

Рок бендот „Тоа е тоа“ кој го сочинуваат легендарните Мики Јовановски – Џафер, Љупчо Трајковски – Фис, Венко Серафимов-Венс, Бошко Доневски – Чико, Стево Чепишевски и Стевче Грозданов ќе го отвори второто издание на „Т’к так фест“, кое и годинава по многу работи ќе биде вистински уникат на македонското фестивалско небо.

Покрај најверните соработници на прерано починатата македонска рок легенда Трајко Каров, првата вечер од годинашново издание на „Т’к Так Фест“ ќе го најави и големиот кам бек на охридската рокенрол дружина „Камелеон“, кои по долга пауза се враќаат на македонската музичка сцена, веднаш по нив ќе следуваат настапите на битолчаните „БТ Топ“ и на Сале и „С.Р.В. бенд“, а првиот фестивалски ден ќе биде затворен со целовечерниот концерт на најславниот кавадаречки рок состав на сите времиња, „Токму така“ предводен од Бубо Каров.

За разлика од првата вечер во која ќе се дружиме со легендите од македонската рок сцена, и годинава втората фестивалска вечер ќе биде посветена на рок надежите. Покрај нив, на сцената ќе ги видиме и Ристе Димитров, Пере Мелов и диџеј Були кои ќе не воведат во втората фестивалска вечер, бендот „Визија“ кој минатата година беше меѓу избран помеѓу најдобрите три бендови, потоа „Вертиго“ од Крива Паланка, а вториот „Т’к так фест“ ќе заврши со концерт на македонската рокенрол атракција „Ареа“.

Стадионот при спортскиот центар „Јасмин“ годинава ќе биде домаќин на македонските почитувачи на рокенрол музиката, кои и годинава ќе имаат можност за кампување во посебно организран кампинг простор кој ќе се наоѓа во склоп на самиот стадион.

Фестивалот ќе се оддржи на седми и осми јуни со почеток од 21 часот, а влезот и годинава е слободен.



Врати се горе ↑