Свет gm

8 март, 2017

Објавена причината за смртта на Џорџ Мајкл

Познатиот британски музичар Џорџ Мајкл почина на 25 декември минатата година, но неговиот погреб беше одложен бидејќи со првичната обдукција не можеле прецизно да се откријат причините за неговата прерана смрт. После дополнителната анализа, конечно се утврди дека музичарот едноставно починал од природна смрт.

Имено, пејачот страдал од проширена кардиомиопатија со миокардитис (воспаление на срцевиот мускул), како и зголемена количина на масти во црниот дроб. „Тоа се последните информации што ќе бидат објавени, а семејството ги замолува медиумите и јавноста да ја почитуваат нивната приватност“, пишува во соопштението што го објави патологот Дарен Салтер.

Легендарниот Џорџ Мајкл почина во 53. година од својот живот.

 

 



Врати се горе ↑