Балкан

12 декември, 2017

Објавен соло-албумот на Бранко Радаковиќ

Долгоочекуваниот соло-албум на мултимедијалниот уметник Бранко Радаковиќ на 8 декември конечно ја здогледа светлината на денот, во издание на белградскиот издавач „Метрополис мјузик“, а веста за тоа ја заинтересира јавноста во целиот регион.

„На албумот има 11 песни во времетраење од 36 минути. Почнав да работам од крајот на 2015 година, па оттогаш до денес направив песни доволно за 3 албуми. Успеав да снимам голем дел од тоа, што во акустичен, што во класичен рок-стил, но кога дојде време за дефинитивна подготовка на албумот за издавање, морав да отфрлам голем број песни, најмногу зарадио самиот концепт“, вели Бранко во разговор за порталот „Црна Гора“, додавајќи дека драги му се сите песни што ги снимил во тој период, но за жал, не може сè наеднаш да се стави на албум, па се надева дека ќе може да ги презентира на следните изданија.

24992418_10212129896817428_126368525_n

Новиот албум е достапен на сите поголеми дигитални платформи, како што се „Дизер“ и „Спотифај“, а наскоро се очекува и првата промоција. Засега, на официјалниот канал на „Метрополис мјузик“ на Јутјуб, можеме да ја видиме видео-најавата за албумот, кој Радаковиќ го наслови „Паковање“.

„Насловот е намерно таков, бидејќи секој може да го толкува на свој начин. Тоа е широк поим, а суштината во овој случај е огледало на општеството. Луѓето сакаат пакувања, а да не ни погледнат што има внатре. Сакаат добри корици на книги, но ретко ги отвораат. Така е и со албумите и сите останати производи. Сè е сведено на маркетинг. Сè мора да биде спакувано, инаку не вреди во очите на другите. Проблемот е само во тоа, вреди ли тоа пакување нешто или не. Денес сè е забрзано и заситено со пакувања, а суштина никаде. За разлика од поголемиот дел пакувања, овој албум им нуди и душа, што ретко се сретнува во модерниот свет“, заклучи тој.



Врати се горе ↑