Видео

11 јули, 2019

Објавен првиот трејлер за играната верзија на Дизниевиот филм „Мулан“

Изминативе неколку години анимираните класици на „Дизни“ добиваат и играни верзии, а во март в година ќе имаме можност да ја видиме и новата филмска адаптација на кинеската легенда за хероината Мулан. Деновиве стигна и првиот трејлер за претстојниот филм, кој е врз основа на истоимениот анимиран хит од 1998 година.

Како и за повеќето Дизниеви филмови, така и за овој особено важна ќе биде и музиката, но сè уште не е познато кој ќе работи на саундтракот, како и кој ќе ја препее главната музичка тема „Reflection“. Интересно е тоа што токму оваа песна ја лансираше кариерата на Кристина Агилера, односно беше објавена како нејзин прв официјален сингл во САД, што придонесе и за потпишување на договор со „Ар-Си-Еј рекордс“, а се најде и на нејзиниот деби-албум од 1999 година. Дали пејачката ќе сними нова верзија или пак „Дизни“ ќе одлучи да лансира нова музичка ѕвезда, ќе дознаеме наскоро.

 

Во насловната улога во претстојниот филм ќе ја видиме кинеско-американската актерка Лиу Јифеи, а во актерската екипа се и Дони Јен, Розалинд Чао, Џет Ли, Џејсон Скот Ли и други. „Мулан“ е во режија на Ники Каро, а во кино-салите ширум светот ќе пристигне на 27 март 2020 година.



Врати се горе ↑