Македонија ag

20 ноември, 2014

Објавен новиот список на музичари кои ќе добијат субвенции

Адријан Гаџа, Миле Кузмановски и Роберт Саздов во категоријата „Ѕвезди“, се изведувачите кои ќе добијат највисоки субвенции за песните со кои конкурираа на третиот квартал на конкурсот за создавање на нови композиции. Зелено светло добија композициите кои ќе ги изведуваат Тамара Тодевска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Емил Арсов, Вера Јанковиќ, Елена Петреска, Сузана Спасовска, Нино Величковски и други, а целосната листа можете да ја видите овде.

Исто така, објавена беше и листата на одбиени композиции, а кои изведувачи и чии песни не добија зелено светло можете да видите овде.

Врз основа на член 3 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, а со цел поттикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови комопзиции.



Врати се горе ↑