За Вас KORICA-SAMA-BJELICA-page-001a

29 декември, 2015

Објавен македонскиот превод на „Сама“ од Исидора Бјелица

„Сама“ е исповед на Исидора Бјелица за делот од нејзиниот живот, за кој никој досега не знае ништо. Овој роман е преведен на македонски јазик и веќе е во продажба во книжарската мрежа на „Просветно дело“.

„Ме обзеде страшна, морничава паника, која оди до длабочината на коските, дека сево ова заедно нема никаква смисла и дека јас тоа нема никогаш да го откријам. Дека сиот живот ќе го поминам погрешно…“

Хероината на романот „Сама“ скита по светот, заминува за Мексико во потрага по клучот за разбирањето на нашето битие и смисла, не знаејќи дека одговорот всушност се наоѓа во нејзиното срце… И кога многу години подоцна ќе се соочи со крајна безнадежност, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, сфаќа дека патот до срцето на саканиот води низ сопственото срце. Ова е лична приказна која ни ја прикажува Бјелица во сосема ново и поинакво светло.

Магистер Исидора Бјелица е еден од најсаканите и најпродавани автори на Балканот. Автор е на над педесет романи преведени на седум јазици, добитник на многу награди. Таа покажа дека писателите можат да бидат популарни како рок ѕвезди.



Врати се горе ↑