Настани tk-tak-fest-2013

26 март, 2013

Објавен конкурсот за натпреварувачката вечер на „Т’к так фест 2013“

Инспириран од историјата на македонската рокенрол сцена, поддржан од нејзините основоположници, создаден за да креира нови генерации македонски музичари, „Т’К-ТАК ФЕСТ“ и годинава ќе придонесе во издигнувањето на македонската рокенрол култура.

Посветен на македонската рок легенда, прерано починатиот рок музичар-тапанар и композитор Трајко Каров, фестивалот веќе носи прекрасни спомени од неговото премиерно издание кое го проследија над 12 000 посетители кои уживаа во настапите на над 30 македонски легендарни, актуелни и нови рокенрол бендови.

Согласно програмата на второто издание на „Т’к так фест“ кое ќе се одржи на 7 и 8 јуни 2013 година во Кавадарци, Организациониот одбор распишува

К О Н К У Р С
за учество во натпреварувачката вечер на фестивалот, според кој учесниците треба да ги исполнат следните услови:

Во периодот од 26.03 до 26.05, сите заинтересирани бендови и групи треба да достават линк од демо снимки поставени на приватен youtube канал, заедно со читко отчукан текст на македонски јазик, на три песни, од кои најмалку две авторски и една кавер преработка. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.

Фестивалот ќе ги прифати оние композиции што ќе ги одбере Селекторот и Селекционата комисија, во согласност со програмските определби на фестивалот.

Согласно фестивалската програма, одбраните песни ќе бидат изведени во втората натпреварувачка вечер која е закажана за на 8-ми јуни.

Изборот на групи го врши Селекторот на Фестивалот во консултација со селекциониот тим составен од еминентни македонски рок имиња.

Фестивалското жири составено од врвни македноски рок музичари ќе додели вредни награди за најдборите бендови, додека семејството на Трајко Каров ќе ја додели Гран при наградата, Најдобар тапанар.

Конкурсот трае до 26-ти мај 2013 година, а материјалите се испраќаат на e-mail адреса: tk_tak_fest@yahoo.com



Врати се горе ↑