Македонија makfest2

17 декември, 2014

Објавен конкурсот за „Макфест 2015“

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ вчера го објави конкурсот за јубилејното 30. издание кое следната година ќе се одржи во втората половина на месец мај. Во добро познатата локација – Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, во рамките на две полуфинални вечери ќе бидат изведени 30 нови композиции, а изведувачите ќе бидат придружувани од Ревискиот оркестар на МРТВ. 18 од нив, односно по 9 од секоја полуфинална вечер, ќе бидат уште еднаш отпеани во големото финале.

Општина Штип, како организатор и Министерството за култура, како главен покровител на манифестацијата, ќе доделат вредни награди во седум категории и тоа:

  • 1-ва награда во износ од 10.000 евра, која ќе биде доделена врз основа на вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;
  • 2-ра награда во износ од 7.500 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;
  • 3-та награда во износ од 5.000 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;
  • Награда за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, која ќе му се додели на најдобриот изведувач согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 1.000 евра, која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда за најдобар сценски настап во износ од 1.000 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија; и
  • Признание за најслушана композиција меѓу два фестивала, кое ќе им биде доделено на авторите и иведувачите согласно одлука донесена врз основа на претходно изјаснување на 5 национални радио станици.

Рокот за пријавување трае до 31 јануари 2015 година, а за правилата и условите можете да прочитате на официјалната веб страна на фестивалот.



Врати се горе ↑