Македонија t'k-tak-fest

30 јуни, 2014

Објавен конкурсот за демо бендови на третиот „Т’к так фест“

Инспириран од историјата на македонската рокенрол сцена, поддржан од нејзините основоположници, создаден за да креира нови генерации македонски музичари, годинава по трет пат ќе се одржи единствениот македонски дем0 фестивал „Т’к так фест“, но наместо во стандардниот јунски термин настанот ќе биде закажан при крајот на август. Иако точниот термин сè уште не е прецизиран, тоа не им пречи на организаторите да потврдат дека и оваа година најдобрите македонски демо бендови ќе се соберат во Кавадарци на целовечерна дружба со своите фанови, но и да ја продолжат мисијата на патронот на фестивалот, вечниот кавадаречки рокер, Трајко Каров.

Деновиве беше и официјално отворен конкурсот за демо бендови, а сите оние кои сакаат да се вклучат во трката за Гран При наградата Трајко Каров која и годинава изнесува 30 000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионални студија, треба да ги достават следните податоци:

– кратка биографија за бендот;

– линк од демо снимки на три песни, од кои најмалку две авторски и една кавер преработка поставени на приватен ЈуТјуб канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути;

– читко отчукан текст на македонски јазик на песните со кои се аплицира преработка.

Во согласност со програмските определби на фестивалот, селекторот и селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени. Конкурсот трае до 22 август 2014 година, а материјалите треба да се испраќаат на адресата: tk_tak_fest@yahoo.com



Врати се горе ↑