Концерт Nouvelle_Vague_01

9 ноември, 2012

Нувел Ваг со ексклузивен сценски настап

Првиот off-концерт на Таксират 14 е токму боса нова бендот кој се прослави со обработките на панк и рок класици: Нувел Ваг (Nouvelle Vague) на 27ми ноември 2012, ќе одржат ексклузивен арт-концерт во клуб Колосеум во Скопје, а овојпат во Скопје со нив доаѓа и славната кабаре дамата со нагласен сексапил – Зула Зазоу.

Зула Зазоу, позната и како „The Shadow dancer“ е најпознатата танчерка на Крејзи Хорс (Crazy Horse), славното и авангардно кабаре во Париз, препознатливо по спектакуларните кореографски настапи на разголените танчерки. Таа со својот танц на сцената во клуб „Колосеум“ ќе го надополни сензуалното секси шоу на Нувел Ваг.

За овој концерт, Нувел Ваг доаѓаат со ексклузивен музичко-сценскиот перформанс „Dawn Of Innocence” кој е осмислен и режиран од страна на модниот маг, дизајнер и костимограф, Жан Шарл де Кастелбажак, познат и како креаторот кој стои зад имиџот на Лејди Гага.

Последната средба на македонската публика со Nouvelle Vague беше во 2010 година, кога настапија пред неколку илјади обожаватели и приредија вистински арт перформанс за магична концертна вечер. Годинава, увертира за Таксират 14 ќе биде токму неодоливиот шарм на Nouvelle Vague, кој ветува уникатна и сензуална француска арт-вечер. Во клуб Колосеум, на 27ми ноември, осумчлениот состав на француската музичка атракција предводена од Марк Колин во поддршка на сензуалните вокали на двете атрактивни пејачки Мелани Пен и Лисет Але, на скопската публика ќе и го претстават своето ново шоу, во чии рамки ќе го промовира новиот сценско-визуелен настап, омилениот хит-репертоар на нивните фанови и дел од новите песни на бендот.

Ве потсетуваме дека концертот на Nouvelle Vague  ќе биде лимитирани на само 1500 влезници, кои веќе се достапни во претпродажба во продажната мрежа на MKTикетс. Цената на билетите во претпродажба е 300 денари, сѐ до денот на концертот кога тие ќе чинат 400 денари.

 



Врати се горе ↑