Видео

27 април, 2019

Новото видео на Луис Томлинсон ќе ве расплаче

Луис Томлинсон има срце од злато. Иако сè уште тагува по загубената мајка која почина од рак во 2016 година и 18-годишната сестра која ненадејно почина минатиот месец од срцев удар, некогашниот член на „Уан дајрекшн“ неодамна слушнал за еден старец што имал список со животни желби и одлучил да му помогне да оствари дел од нив, а нивните заеднички авантури се овековечени во видеото за неговиот сингл „Two Of Us“. Снимката започнува со претставувањето на Ричард, 83-годишен вдовец од Јоркшир, а потоа поп-ѕведата го посетува за да поразговараат, па заминуваат да се возат на ролеркостер и да летаат со хеликоптер.

View this post on Instagram

#LouisAndRichard Link in bio.

A post shared by Louis Tomlinson (@louist91) on

„Пред околу еден месец запознав еден прекрасен човек по име Ричард“, објасни 27-годишниот пејач на социјалните мрежи, додавајќи дека „тој имал неколку нешто што сакал да ги направи и помислив да му помогнам. Ова видео е особено значајно и моќно за мене. Ричард е класичен пример за бестрашен човек кој во очи на трагедија продолжува да живее со колку што е можно повеќе смеа и среќа! Се надевам дека ќе уживате гледајќи го ова видео колку што уживав јас додека го правев. Со љубов, Луис“, напиша тој, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑