Македонија 601129_399305403500895_1545540727_n

5 април, 2013

Новото име на Универзална да биде „Тоше Проески“

Фановите на Тоше Проески поднесоа иницијатива до совет на Град Скопје, во која што бараат реновираната универзална сала да го носи името Тодор Тоше Проески. Во продолжение следи текстот од целата иницијатива, а доколку сакате да дадете поддршка на иницијаторите тоа можете да го направите на следнава страница: https://www.facebook.com/pages/Јас-САКАМ-новата-Универзална-сала-да-го-носи-името-на-ТОШЕ-Проески/399304163501019

„До совет на Град Скопје

Иницијатива
од фановите на Тоше Проески – Македонија

Во моментот кога најавивте изградба на нов културно – забавен центар на местото на „Универзалната сала” кај нас се роди желба за негово ново име.

Името и делото на Тодор Тоше Проески ги “урнаа“ границите ширум Балканот и Европа и оставија незаборавен белег за гордоста на нашата држава. Сите ние сме сведоци за многубројните хуманитарни акции, спасени детски животи, донации за болници, спортски сали, училишта и хуманитарни концерти од кои најголемиот дел беа одржани токму во таа Универзална сала. Не сме заборавиле и на рекордната посетеност на неговите концерти во Универзална сала, односно тој е единствен кој успеа да ја наполни пет пати по ред во една седмица. За неговите успеси во музиката и хуманоста не е доволен еден лист хартија за да се прераскаже сè она кое недостасува во ова тешко време, а тој го работеше со љубов и леснотија за да ги насочи младите на прав пат спомнувајќи на секој концерт дека успехот на земјата зависи од младите, дека хуманоста Бог ја наградува со благослов кон народот и државата. Ние како почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески би додале дека никогаш не сме заборавиле на останатите великани на музиката – уметноста, Македонски легенди кои исто така заслужуваат достојно спомен обележје но, како луѓе кои живееле и растеле со музиката и делата на Тоше никогаш нема да се откажеме од нашата иницијатива.
Неговото име заслужува да биде на место каде ќе се шири песна, забава и љубов. Затоа Ве молиме новиот културно – забавен центар чија изградбна медиумски ја најавивте да го добие името “Тоше Проески”.

Со голема почит од фановите на Тоше ширум Македонија.

Почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески“



Врати се горе ↑