За Вас

5 декември, 2017

„Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска

„Новогодишни детски песни“ е најновата книга на писателката Марина Мијаковска. Тоа е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во „Новогодишни детски песни“ има четириесет песни за деца од различни возрасти.

Стихозбирката ги воспева: новогодишниот амбиент и веселите празнични бои во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент, итн. Книгата е повеќенаменска, интерактивна, и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.

1

ДЕДО МРАЗ ОД МАКЕДОНИЈА

Во декември на плоштад Македонија

ќе дојде Дедо Мраз!

Сите дечиња долго го очекуваме

овој новогодишен час!

 

Тој ќе пристигне и викне на сиот глас:

Јас сум Дедо Мраз од Македонија!

Не сум тој од ладната Лапонија!

Со него да се сретнам сакам јас!

 

Пред мене има чичковци во црвени костуми!

Кој е вистинскиот Дедо Мраз?

Дали од Лапонија или од мојата Македонија?

 

Студот за образот силно ќе ме штипне!

Балони ќе добијам од белобрадиот дедо!

Секоја година таков е редот!



Врати се горе ↑