Настани 32400_390080984414242_1721692702_n

26 декември, 2012

Новогодишна забава во Капан Ан со Juniper

ЈUNIPER [Dan Mumberson & Reuben Holt] е дуо кое доаѓа и твори во Манчестер, Англија. Кога се патува, ова дуо е диџејски претставено од Ден Мамберсон, кој користејќи ги своите омилени алати, грамофони, го истражува и презентира опусот помеѓу модифициран хаус, техно и електроника. Диџеј е уште од 1998 година, а во последно време е строго концентриран на резиденцијата meandyou во Манчестер, заедно со Joy Orbison и Arnaldo. Изданијата на Juniper се најдоа на издавачки куќи како Underground Quality на Jus Ed, Ominira во сопственост на Kassem Mosse и Smallville records во сопственост нa Lawrence/Smallpeople. Домашна подршка со back 2 back сетови ќе дадат: Mileskaya, Vidinovski & Goran Kan, Dejan Tevdo & Bojan Ivanovski, Darko Packi & Alex Acid.
Распоредот на настапи е следниот:

Drop New Year’s Eve Party Line up: 
22:00 – 23:30 / Mileskaya
23:30 – 1:00 / Vidinovski & Goran Kan / b2b set 
01:00 – 3:00 / Juniper (Underground Quality, Smallville Records, Meandyou – Manchester, UK)
03:00 – 4 :30 / Dejan Tevdo & Bojan Ivanovski / b2b set 
04:30 – … / Darko Packi & Alex Acid / b2b set 

старт: 22:00 влез: 250 ден. Очекувајте одличен и несекојдневен музички избор за уште еден посебен почеток на 2013 година во Капан АН. Си честитаме на подиум!


Врати се горе ↑