За Вас

19 декември, 2017

Новогодишна еуфорија исполнета со попусти и награди во „Рамстор мол“

Со „Пазари, греби, добиј!“ до уникатниот Citroen C3 Aircross!

 „Рамстор мол“ ги започна новогодишните награди на 24 ноември со „Пазари, греби, добиј!“ и сега ја надополнува новогодишната еуфорија со бројни изненадувања. Имено, во центарот на молот, повторно во соработка со Црвен крст на Град Скопје, се постави Волшебната новогодишна елка која е украсена од скромните желби на децата сместени во згрижувачки семејства. „Рамстор мол“ ги повикува сите да ги прочитаат пораките на малите и да им ги исполнат новогодишните желби.

Од наградната игра „Пазари, греби, добиј!“ остануваат уште 29 дена, 7 таблети, 65 електрични апарати и уникатниот Citroen C3 Aircross. Посетителите треба да побрзаат и со сметка од над 1.000 денари ќе добијат грепка за една од останатите 71 награди, додека недобитните грепки ќе влезат во финалното извлекување на Citroen C3 Aircross, кое ќе се одржи на 16 јануари 2018 година. Наградната игра завршува на 15 јануари 2018 година.

Novogodishni Popusti Ramstore

Како надополнување на новогодишната еуфорија, во „Рамстор мол“ од 20 до 24 декември 2017 година има попусти до -50% и во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија ќе се организира еден од најубавите новогодишни базари на рачни ракотворби.

Мал поглед во прекрасните новогодишни украси во „Рамстор мол“:



Врати се горе ↑