Концерт

24 декември, 2017

Новогодишен концерт на солистите на операта во Битола

НУ Центар за култура – Битола ќе ја заокружи годината со „Концерт на солистите на операта“, кој ќе се одржи в понеделник, 25 декември. На програмата се дела од Дворжак, Штраус, Чајковски, Верди и други, а ќе ги исполнуваат: Александра Лазаревска Василев, Дејан Стоев, Десанка Глигоријевиќ, Зоран Даскаловски, Ана Ројдева, Катерина Стојановска, Невен Сиљановски, Марија Наумовска и Никола Стојчески, додека на пијано ќе ги придружува Елена Сиљаноска.

Концертот ќе се одржи во малата сала, со почеток од 19.00 часот, а влезот е слободен.

Освен со овој, битолската публика последниве денови од годината ќе може да ужива и со концертите на Камерниот оркестар на Битола и нивната Дамска симфонија, како и со „Новогодишната џез бајка“, со која ќе се заокружи сезоната во Народниот театар.



Врати се горе ↑