Концерт 324506_256554571034467_4228387_o

10 јануари, 2014

Новогодишен концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани

Културно  Уметничкото  Друштво  „Дримкол“  од  Вевчани  секоја година на 11-ти јануари одржува Новогодишен концерт во Домот на Култура  во Вевчани. И оваа година, утре во 18.00 и 20.00 часот КУД „Дримкол“ ќе одржи два концерта поради големиот интерес за овој културен настан кој веќе прерасна во традиција.

„Особена чест и задоволство е  кога на својата најдрага публика-Вевчанската,  можеш да ѝ пружиш 90 минутно уживање кое во себе го содржи она автентичното, вредното, содржи еднергија, дух кој сплотува, обединува. Во исто време концертот за нас значи и голема одговорност, бидејќи не е лесно да презентираш програма пред Вевчанци, публика која има стандарди и јасно изграден вкус кога е во прашање културата и уметноста“ – велат организаторите.

Празнични обреди, песни и игри од Вевчани е темата на овогодинешниот Новогодишен  концерт, тема којашто го опфаќа целиот годишен  циклус празници  кои се слават во Вевчани, а во себе го содржат фолклорот, се започнува со празникот Богојавление Христово – Водици како прв празник во Новата година, нашата Православната и се завршува со Св. Васиља со која пак се дочекува Новата година – Православната.

„Во овој проект учествуваат над 100 уметници, членови  на сите ансамбли на друштвото, пеачката група, народниот оркестар, патувачкиот театар при што со енергијата на сите тие ентузијасти вљубеници и почитувачи на Вевчанската традиција ќе се обидеме да допреме до Вевчанското, традиционалното, изворното и за момен подзаборавеното културно наследство“ – потенцираат од КУД „Дримкол“ – Вевчани.



Врати се горе ↑