Концерт 12373436_1235290123164872_5550118622822718363_n

22 декември, 2015

Новогодишен коцерт на МОБ на 1 јануари во МНТ

Во духот на новогодишните празници Македонската опера и балет оваа година подготвува Новогодишен концерт на Македонската опера и балет. Во ритамот на валцери и полки, МОБ ви ја пренесува виенската магија и во Скопје. На 1 јануари 2016 година со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе се одржи новогодишен концерт со настап на солистите и целосниот ансамбл на МОБ.

Од Македонската опера и балет соопштија дека билетите кои ќе се продаваат до 31.12.2015 на билетарата на МОБ и во текот на новиот и прв ден од 2016-та на билетарата на МНТ ќе чинат 1.000 денари.

На програмата ќе бидат изведени најпознатите дела на Штраус, Штраус помладиот и оперетниот мајстор Калман. На новогодишниот концерт ќе настапат оперските солисти: Ана Дурловски (сопран), Михаило Арсенски (тенор), Марјан Јованоски (баритон). Балетските солисти: Мими Поп Алексова – Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија). А освен веќе споменатите, настапува и хорот и оркестарот на МОБ.

Диригент на новогодишниот концерт е Борјан Цанев, режисер Дејан Пројковски, кореограф м-р Олга Панго, избор на костими Марија Пупучевска, светло мајстор Милчо Александров, концерт мајстор Верица Ламбевска, додека хор мајстори се Јасмина Ѓоргоска и Ѓургица Дашиќ.

 



Врати се горе ↑