11 февруари, 2013

Ново видео на „Фулиш грин“

Откако во декември 2012 го претставија новогодишниот сингл „Лајка“,  како прв дел од новиот албум, „Фулиш грин на ЈуТјуб каналот го објавуваат и своето прво live видео за песната „Sun In Gone“. Непосредно пред објавувањето на првиот албум „Escape“, „Фулиш грин“ премиерно ви го претставува и видео спотот за кој се искористени материјалите од нивниот одличен настап наПИН“ музичката конференција која се одржа во ноември 2012, во рамките на „Таксират 14“. „Sun is gone“ е песна која бендот ја објави на истоименуваното ЕП-издание во јуни 2012, а ќе се најде и помеѓу 12те композиции кои ќе ги претстави деби албумот „Escape“.

Овој млад алтернативен состав, кој се појави како неочекувано и пријатно изненадување на домашната сцена, својот прв лонг-плеј албум, едно од ретките изданија од ваков тип на музички правци на нашите простори,  ќе го објави кон крајот на февруари. Групата ја најавува и концертната промоција на новиот албум, која ќе се одржи на 15 март во МКЦ – Скопје.

Во меѓувреме, сите љубители на делото на „Фулиш грин“… уживајте!
FOOLISH GREEN:
Ненад Стефановски (вокал, гитара, продукција)
Нико Гаврилов (гитара, металофон)
Давор Стојановски (гитара)
Стефан Пехчевски (клавијатури)
Теодор Бошков (бас гитара)
Стефан Дамјаноски (тапани).
Наскоро:
FOOLISH GREEN – “ESCAPE”



Врати се горе ↑