9 август, 2013

Ново музичко видео на Кацар за песната „Ајде“‏

Пред неколку денови групацијата Токсиколози презентираше ново музичко видео на интернет кое е позитивно прифатено од страна на нивните фанови т.е истомисленици, иако е брендирано како (Free Video #1) што значи дека не е официјален видео запис, а и дека ќе следат уште вакви видеа после ова. Станува збор за нова песна на Кацар со наслов „Ајде“. Музиката е на Анакреонт XY, мастеринг на Андрејналин (заедно ги знаете како Аномалија Натива), видеото е снимано од Кики Теодоров, Гоги Полизов и Сиги, а монтирано е изведувачот на песната – Кацар. Интересно е што во видеото има исечоци од настапот на Токсиколози во Бугарија – Велико Трново, а и за прв пат Кацар ја претставува својата Рима т.е. неговиот неодолив пес чувар.



Врати се горе ↑