11 јуни, 2013

Ново музичко парче од Горан Папаз

Како што е познато, виртуозот на саксофон – Горан Папаз веќе извесно време го подготвува својот прв соло албум, за кој соработува со Александар Масевски. Деновиве пристигна уште една одлична композиција од Папаз, за која е снимен и видео запис. Станува збор за песната „You Give Me Reason To Live“ (Ми даваш причина да живеам), чија продукција ја потпишува Масевски, а звуците на гитара ги отсвири Александар Балабанов. Видео записот е дело на Јован Куциновски, а во финалниот аудио-визуелен производ можете да уживате горе.



Врати се горе ↑