Македонија nina

14 март, 2014

Ново лого и нови проекти на Нина Јанева

Нина Јанева доби понуда која не се пропушта и тоа во тим проширен од Urban Artist Production и Токсикологија Мјузик. Таа со нив веќе работи на неколку заеднички проекти, подготвуваат неколку авторски песни, преработки и нови видеа. За почеток Нина има ново убаво лого, а ќе чекаме да видиме што ќе ни каже ново на музички план.

Во изминатиов период, покрај соработките со Лабаво лавабо, Зад Аголот и Скипи, како и со Есма и Лозано за евровизиската „Пред да се раздени“Нина и 2Exit настапуваат во кафулиња и клубови ширум цела Македонија, а додека го очекуваме следното музичко парче, да се потсетиме на нејзиниот настап на минатогодишниот Скопски фестивал кадешто настапи со темата „Одам пак“.

 



Врати се горе ↑