Македонија 536560_10150817964705962_412599512_n

1 ноември, 2015

Ново изненадување за третата гала вечер „На иста адреса“

Непосредно пред третата гала вечер дознаваме дека Роберт Билбилов е вториот постојан член од жирито, кој заедно со Весна Бејби Петрушевска ќе ги оценува настапите на кандидатите од вилата „На иста адреса“. Минатата недела имавме можност да слушнеме остри критики и од Роберт и од Весна, кои со конструктивна критика ги мотивираа кандидатите да го дадат најдоброто од себе. Што ќе се случува на оваа трета гала и дали натпреварувачите ќе имаат прогрес, останува да видиме.

Не ја пропуштајте третата гала на првото македонско музичко реално шоу „На иста адреса“ вечерва во 21.00 часот на Алфа ТВ.



Врати се горе ↑