Артисти 2Бона 1

10 јуни, 2015

Ново име на музичката сцена: Запознајте ги „2Бона“

Марио Јелиќ – Кун (продуцент, текстописец и артист) и Антонио Стојановски – Тонито (текстописец и артист) го сочинуваат новиот хип-хоп, трап и ар-ен-би состав „2Бона“. Дуото од Скопје од неодамна е ексклузивец на „Иноватива груп“, кои како продукциска куќа инвестираат во новитети, млади артисти и таленти на кои им треба поддршка на македонската сцена, а „2Бона“ се такви артисти кои го презентираат новиот, модерен звук и ги следат светските музички трендови.

Денес, „2Бона“ се претставуваат со нивниот прв сингл „Лево, десно (Бомбона)“. Комплетната музичка продукција е изработена од еден од членовите – Кун, a видео спотот, којшто се снимаше во еден од скопските ноќни клубови, го изработи од „SB Студио“. Преку оваа песна, публиката  ќе има можност да види и слушне нешто поразлично на македонската сцена.  Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

По „Лево, десно“, „2Бона“ летово ќе работат и на останатите материјали кои ќе ги промовираат со нови видео записи, а ќе се претстават и на публиката во ноќните клубови низ Македонија.

Да им посакаме добредојде на музичката сцена!



Врати се горе ↑