Свет klasa2014

23 декември, 2014

Новите поп ѕвезди од 2014 година

Иако на поголемиот дел од музичарите им се потребни повеќе години за да го добијат статусот поп ѕвезда, годинава имаше мошне голем број на млади уметници кои успеаја да го освојат светот дури и само со еден хит! Во продолжение ве очекува листата со нови имиња од „генерацијата 2014 година“, кои царуваа на топ листите изминатава година:

1. Сем Смит

Првата позиција дефинитивно му припаѓа на младиот Британец, кој крајот на оваа одлична година ја круниса со 6 номинации за Греми, вклучувајќи ја и за „Албум на годината“ за своето деби издание „In The Lonely Hour“.

 

2. Иги Азалија

Сакале или не, русокосата Австралијанка дефинитивно е тука за да остане. Тоа го забележа и жирито за наградите Греми, бидејќи младата раперка е номинирана во 4 категории, вклучувајќи ја и онаа за „Најдобар нов изведувач“.

 

3. Нико и Винз

Дуото кое полека но сигурно го освои светот со хитот „Am I Wrong“, за следната година подготви уште песни за кои се надеваме дека ќе го пронајдат патот до публиката.

 

4. „Клин бандит“

Четиричлениот состав од Британија со хит синглот „Rather Be“ стигна на сцената со голем бум, а ја заработи и својата прва номинација за Греми.

 

5. Меган Трејнор

Девојката која веќе има две номинации за Греми, а сè уште не го објавила ни својот прв албум! 2014 година беше „All About That Bass“!

 

6. Ем-ен-и-кеј (MNEK)

Момчето од хитот „Ready For Your Love“ на „Горгон сити“ и порано бил успешен продуцент, но оваа година издаде и неколку свои синглови, а наводно работел и на новиот албум на Мадона. Ако Мадона ве побара да работите со неа, значи дека добро ви оди!

 

7. Тов Ло

Кога некој поп изведувач доаѓа од Шведска, речиси е невозможно да биде лош. Токму таков е случајот и со Тов Ло, која со ремиксот на хитот „ Habits“ од својот албум „Queen Of The Clouds“ се искачи на врвовите на топ листите.

 

8. Хозиер

Оваа листа не би била потполна без заводливиот глас на овој Ирец. Откако неговиот сингл „Take Me To Church“ се проби на топ листите, младиот музичар стана неизбежен на радио станиците.

 

9. Еф-кеј-еј твигс (FKA twigs)

Од придружна танчерка на Џеси Џеј до глобална ѕвезда и девојка на актерот Роберт Патинсон. Би рекле дека оваа година воопшто не била лоша за Еф-кеј-еј твигс.

 

10. Кајза

Црвенокосата Канаѓанка со својот хит „Hideaway“ се искачи на врвовите на топ листите, а влезе во студио и со ѕвезди како што се Скрилекс, Дипло и други.

 

11. Ела Хендерсон

Фактот што заврши на шестото место на британскиот натпревар „Х фактор“ во 2012 година не ја спречи оваа млада Британка да почека неколку години и да ги освои топ листите со хитот „Ghost“.

 

12. Мистер Пробз

Кариерата ја започна како рапер, но се прослави со баладата „Waves“. Откако Робин Шулц направи ремикс, песната стана неизбежна на подиумот во клубовите, а што ќе ни подготви данскиот музичар за следната година, ќе дознаеме наскоро.

 

13. Шон Мендес

Младото момче од Канада влезе во историјата како најмладиот уметник чиј прв сингл влезе меѓу најдобрите 25 на Билбордовата Хот 100 листа. А има само 16 години!

 

14. „5 секндс оф самр“

Австралиските срцекршачи од предгрупа на „Уан дајрекшн“ станаа планетарно познати ѕвезди. Неодамна го објавија својот прв албум во живо, а следната година очекуваме повеќе музика од нив, па и повеќе паѓања во несвест од многубројните обожувателки.

 

15. Трој Сиван (Troye Sivan)

Ако постои пилула за среќа, Трој сигурно ја има. Неговиот сингл „Happy Little Pill“ доби златен тираж во Австралија, играше во еден од филмовите „Х-Мan“, го објави ЕП изданието „TRXYE“, а во моментов работи на својот деби албум. Спомнавме ли дека има само 19 години?

Извор и фотографија: Mtv.rs



Врати се горе ↑