Новото видео на „Трипнотик“ сè поуспешно во САД
Новото видео за последниот сингл „Tricky Three“ на македонскиот електронски проект „Tрипнотик“ (Тripnotic), зад кој стои продуцентот Емил Хаџи-Панзов, забележува сè поголем успех на американските телевизиски мрежи. Од оваа недела спотот се наоѓа на официјалната плејлиста на телевизискиот канал Ем-ти-ви Ју, кој има публика од 9 милиони гледачи. Оваа телевизија е дел од мрежата на Ем-ти-ви и е наменета за младата популација.
Видеото за „Tricky Three“ веќе се емитува на уште триесетина светски телевизиски канали и интернет портали. Видеото беше снимено во Њујорк кон крајот на минатата година, во режија на Амбер Моелтер, која до сега има освоено многубројни награди, главно за кратки видеоформи, но и наградата за најдобра драма на филмскиот фестивал во Амстердам за нејзино дебитантско долгометражно остварување. Главната улога во „Tricky Three“ ја толку новата американска танчарска ѕвезда Кортни Линд.
Темата има и неколку ремикс изданија од други уметници, меѓу кои и нашиот Кирил Џајковски, а истите можете да ги преслушате во продолжение.